Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Министерот Николовски во посета на земјоделското семејство Давитковски од село Милино, успешни корисници на поддршка преку ИПАРД 2 програмата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Министерот Николовски во посета на земјоделското семејство Давитковски од село Милино, успешни корисници на поддршка преку ИПАРД 2 програмата
Агровести

Министерот Николовски во посета на земјоделското семејство Давитковски од село Милино, успешни корисници на поддршка преку ИПАРД 2 програмата

Објавено 18/04/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Земја лидер во регионот во реализација на ИПАРД 2 програмата, со над 2.100 реализирани договори и искористени скоро 100% од средствата, односно 59,7 милиони евра. Земјоделците денес повторно имаат довреба во институциите. Знаат дека со нас како министерство добиваат фер и еднаква шанса, истакна министерот Љупчо Николовски при денешната средба на земјоделците од општина Лозово.

Нашата лидерска позиција ја потврдивме и со успешното започнување на новата ИПАРД 3 програма и први во регионот, на 1 септември 2023 година со објавувањето на првиот повик за мерките 1 и 7 ја отпочнавме реализацијата на новата ИПАРД 3 програма. Нашиот успех беше награден од Европската Комисија која за 62% го зголеми буџетот за ИПАРД 3 програмата, па денес вкупната поддршка преку ИПАРД 3 прогрмата достигнува над 200 милиони евра, средства наменети за развој и модернизација на македонското земјоделство.

„Од некогаш заробена и изолирана држава, денес сме држава од која другите земаат позитивен пример. Земја која своето искуство го пренесува на другите. Токму нашата држава е посочена од Европската Комисија, како една од земјите, која е на најнапредно ниво во делот на усогласеноста на земјоделскиот сектор со европските земјоделски политики и користењето на средствата од ИПАРД програмата“, истакна министерот Николовски.

Министерот Николовски денес при посетата на општина Лозово, во селото  Милино оствари посета на земјоделското семејство Давитковски. Вредни земјоделци, кои се занимаваат со лозартсво и житарици, а успешно имаат искористено ИПАРД поддршка за набавка на трактор.

Веќе е распишан нов повик од ИПАРД 3 програмата, за мерката 3, кој се однесува на инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски производи, а каде за оваа мерка, на располагање се ставени 14 милиони евра.

Финансиската поддршка од мерката 3 се однесува на кофинасирање на инвестицијата до 50% од вкупно прифатливите трошоци. Поддршката кај оваа мерка може да достигне и до 60% кофинасирање, кај инвестиции во енергетска ефикасност, производство на биомаса и обновливи извори на енергија за сопствени потреби. Минималната прифатлива вредност на инвестиција е до 50.000 евра, додека максималната поддршка може да достигне до 1,5 милиони евра, по корисник.

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:ДавитковскиИПАРД 2кориснициМилиноНиколовскипосета
Претходен напис Променливо облачно со повремен дожд, на планините и снег
Следен напис Николовски: Креиравме нова мерка за поддршка во одржување на ливадите, во висина од 6.000 денари по хектар
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?