Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Министерот Николовски во посета на Вермонт: Го зајакнуваме 30-годишното партнерство во делот на размена и искуства во земјоделството и отвораме можност за пласман на нашите македонски производи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Министерот Николовски во посета на Вермонт: Го зајакнуваме 30-годишното партнерство во делот на размена и искуства во земјоделството и отвораме можност за пласман на нашите македонски производи
Агровести

Министерот Николовски во посета на Вермонт: Го зајакнуваме 30-годишното партнерство во делот на размена и искуства во земјоделството и отвораме можност за пласман на нашите македонски производи

Објавено 26/05/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски е во посета на Вермонт, САД. При посетата на фармата Borderview договорена е помош во трансформација, обука и експертиза на советодавните тела во земјоделството во нашата земја.

„Заедно со Секретарот за земјоделство, храна и пазари на Вермонт, Anson Tebbetts ја посетивме фармата Borderview која е дел од Универзитетот Вермонт каде се вршат научно истражувачки дејности директно од професори и вработени во универзитетот. Заедно договоривме нивна помош во трансформација, обука и експертиза на советодавните тела во земјоделството кај нас, кои е потребно да бидат целосно вклучени на терен во целиот производствен процес.“, рече Николовски.

При посетата на фармата за производство на кашкавал и млеко Стони Понд покрај разменувањето искуства и знаења, отворена е и можност за пласман на македонски производи во Вермонт.

„Имав прилика да ја посетам фармата за производство на кашкавал и млеко Стони Понд во Вермонт. Заедно со секретарот за земјоделство храна и пазари Anson Tebetts направивме обиколка и го видовме начинот на производство на овие производи. Разменивме искуства и знаења, и ја отворивме можноста за пласман на нашите македонски производи во Вермонт.“, рече Николовски.

Во интервју за NBC министерот Николовски ја искажа благодарноста за прекрасното гостопримство од секретарот за земјоделство и храна Anson Tabbets, но истовремено и честа да разговара за различните искуства околу производството и преработка на земјоделските производи.

„Имаме многу што да научиме едни од други, и да имплементираме кај нас дома. 30-годишното партнерство со Вермонт го зајакнуваме и уште повеќе го зацврстуваме во делот на размена, искуства и знаења во земјоделството.“, рече Николовски.

Може да ви се допадне

До 25% од буџетот на ЕУ за земјоделство – еве што ќе понуди Бугарија
Конференција: На македонската економија и требаат знаење, вештини и иновации, не само дипломи
Угостителски услуги во мај на годишно ниво поскапи за 2,6 отсто
Австралија заплени рекордни 100.000 илегални егзотични лебарки
УЈП и Шведската даночна администрација го одржаа првиот состанок на УО на заедничкиот проект за модернизација
Таг:вермонтиксустваниколовскифарма
Претходен напис Времето денеска претпладне сончево, од пладне нестабилно со локален пороен дожд
Следен напис Зелениот пазар Куманово ќе добие адаптиран простор за цветен пазар
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?