Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Министерот Николовски посети неколку фарми во Словенија, водени од млади земјоделци, а на кои се применуваат модерни технологии
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Министерот Николовски посети неколку фарми во Словенија, водени од млади земјоделци, а на кои се применуваат модерни технологии
Агровести

Министерот Николовски посети неколку фарми во Словенија, водени од млади земјоделци, а на кои се применуваат модерни технологии

Објавено 28/07/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во рамки на официјалната посета на Словенија, министерот Љупчо Николовски заедно со министерката Шинко имаше прилика да посети неколку фарми, водени од млади земјоделци, а каде се применуваат модерни технологии.посети неколку фарми.

„Една од нив е органската фарма Кастелич во селото Мали Врх. Јака Кастелич, млад иноватор и визионер, која на 23-годишна возраст почнала да се занимава со земјоделство, произведува прекрасен чипс од јаболка во кој и самиот се уверив, а се занимава и со поледелство. Добитник на бројни награди, навистина е инспирација и пример за успешен земјоделец. Тука сме да видиме позитивни примери и искуства, кои сакаме да ги пренесеме на нашите млади земјоделци.

Чест ми претставува и што словенската младинска асоцијација ме придружува низ сите посети на фармите, тоа е позитивен пример кој ме мотивира за формирање на ваква организација и кај нас.“, рече Николовски.

„Со словенечката колешка и нашите тимови ја посетивме и фармата Брајер во општина Севница. Младата мајка и фармерка Весна заедно со сопругот Јанез живеат и работат на село, имаат фарма, 25 ха. обработливо земјиште, а заедно со 5 други друштва произведуваат локално вино. Училиштата ги снабдуваат со млеко, угостителските објекти со вино. За ништо не би го менувале ова место и работата.
Со средствата од ЕУ општина Севница има изградено комплетна инфраструктура и сите услови за да младите се задржат и вратат на село.
Со средства од ЕУ се реализираат многу програми за поддршка на младите, задругите, општините.
Словенија е уникатен пример за развој на селата, задругарството и задржување на младите со помош на ЕУ.
Затоа за нас е клучно остварувањето на стратешката цел на сите генерации – членство во ЕУ! Алтернатива и време за чекање младите немаат.“, стои во фејсбук-статусот на министерот Николовски.

Може да ви се допадне

ФАО: Здравата храна е поскапа во Европа поради субвенциите на ЕУ за земјоделството
Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во Гостивар
До 13 часот регистрирани шест пожари на отворен простор, активен е еден, а четири се под контрола
Паметен расадник во Струга – Хоџа: Иновациите и знаењето се темел на современото земјоделство
Пченицата и јачменот во Пелагонија со подобар квалитет од лани
Претходен напис Денеска се одбележува Светскиот ден на заштита на природата
Следен напис Општина Кочани ќе избира жетварска убавица: Објавен е Kонкурсот за 2023 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?