Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Министерот Муртезани во дводневна посета на Брисел 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Министерот Муртезани во дводневна посета на Брисел 
Агровести

Министерот Муртезани во дводневна посета на Брисел 

Објавено 04/09/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани од денеска престојува во дводневна работна посета на Брисел, во чии рамки ќе има средби со претставници на институциите на ЕУ како дел од тековните напори за пробив на европскиот пат на Северна Македонија и продлабочување на соработката со клучните тела на Европската Унија. 

Предвидено е Муртезани да се сретне со еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји, со генералниот секретар на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), Стефано Санино и со генералниот директор на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Унијата (ГД НЕАР), Герт Јан Копман. 

Министерот за европски прашања ќе има средби и со директорката за Западен Балкан во ГД НЕАР, Валентина Суперти, со раководителката на Одделот за Албанија и Северна Македонија при ГД НЕАР, Сигрит Бретел и со постојаниот претставник на Унгарија во ЕУ, амбасадорот Балинт Одор, чија земја е актуелен претседавач со Унијата. 

Муртезани ќе се сретне и со претседавачот на Комитетот за правни работи (ЈУРИ) на Европскиот парламент, европратеникот Илхан Ќучук, кој во претходниот парламентарен состав беше известувач на Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) за земјава. Известувач во новиот состав на АФЕТ се уште не е избран. 

Според најавата на Министерството за европски прашања, на средбите на Муртезани со претставниците на ЕУ ќе се разговара за низа теми важни за процесот на пристапување на Северна Македонија во Унијата, со посебен акцент на регионалната стабилност, економската соработка и натамошното усогласување на домашните реформи со европските стандарди.  

На разговорите ќе стане збор и за можноста за зголемена техничка поддршка за тековните реформи во судството, владеењето на правото и антикорупциските мерки.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Бриселдводневна посетаминистеротМуртезани
Претходен напис БМЗ стартува со инвстиција во ТИРЗ Скопје
Следен напис Зголемен интензитетот на собраќај на патиштата надвор од градските средини
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?