Во периодот од 2016-2019 година, во 24 општини беше предизвикана штета од временски непогоди, при што 9017 лица имаа материјални загуби од мраз, град и поплави, кои нанесоа сериозна штета на земјоделското производство.
Со силни мои заложби, на премиерот Заев и на МЗШВ, за решавање на заостанатите предмети за обештетување од штети предизвикани од временски непогоди, предложивме измена во Законот за штети и спасување, која беше усвоена на последната собраниска седница. Со тоа, овозможивме, сите предмети за обештетување уште од 2016 година, да ја продолжат постапката. Согласно измената на законот, Министерството изготви збирен извештај кој го достави до Републичката комисија за проценка на штети, која во најскоро време ќе и достави на Владата предлог за обештетување.
Решивме уште едно големо прашање кое четири години немаше разрешница, до сега.
Го реализираме она што го ветивме уште на почетокот. Земјоделците целосно ја имаат мојата поддршка за решавање на сите предизвици.
Фејсбук статус на Арјаните Хоџа – министер за земјоделство, шумартсво и водостопантсво.
