Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа одржа средба со амбасадорот на Арапската Република Египет за Република Северна Македонија, Халед Ибрахим Емара.
Во конструктивна и пријателска атмосфера беа покренати прашања за унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји, со посебен акцент на зголемувањето на трговската размена со земјоделски производи.
На состанокот беше договорено да се интензивираат преговорите на експертските тимови кои се формирани во рамки на Протоколот за соработка во областа на земјоделството меѓу двете држави, со цел во најкраток можен рок да се најдат решенија за даночни олеснувања со што ќе биде овозможено да се зголеми присуството на земјоделски производи на пазарите во двете земји. Амбасадорот Емара ја пренесе заинтересираноста на египетскиот бизнис сектор за инвестирање во Северна Македонија во земјоделско-прехранбениот сектор, посебно во делот на органското производство, како и во дрвната индустрија.
Министерот Хоџа истакна нашата држава е заинтересирана за странски инвестициии и дека нуди поволности за инвестирање во земјоделскиот сектор. Египетскиот пазар е важен за нашата држава, затоа што претставува голем потенцијал за пласман на земјоделските производи како и можност за отворање кон пазарите на Блискиот Исток.
Министерот Хоџа оствари средба со амбасадорот на Египет: „Нашата држава е заинтересирана за странски инвестициии и нуди поволности за инвестирање во земјоделскиот сектор“
Остави коментар
Остави коментар
