Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Министерот Арјанит Хоџа вечерва се придружи на средбата на јаболкопроизводителите во Ресен
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Министерот Арјанит Хоџа вечерва се придружи на средбата на јаболкопроизводителите во Ресен
Агровести

Министерот Арјанит Хоџа вечерва се придружи на средбата на јаболкопроизводителите во Ресен

Објавено 04/09/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На вечерашната средба на јаболкопроизводителите на плоштадот во Ресен на која се договара откупната цена на конзумното јаболко, беше и новиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа.

Заедно со градоначалникот на Општина Ресен Живко Гошаревски и пратеничката Бети Рабаџиевска им дадоа поддршка на земјоделците во нивните настојувања да имаат сигурен откуп на јаболката и цена која заеднички ќе ја договорат.

-Охрабрува вашиот заеднички настап и здружување и во тоа ја имате целата поддршка од Министерството со цел да ги постигнете вашите барања. Секако ќе имам средби и со откупувачите и ќе се обезбеди целосна институционална поддршка во текот на откупот.

„Пред стартот на новата бербена сезона на јаболката, денеска во Општина Ресен имавме прва средба со новиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа со кого разговаравме за очекуваниот откуп и барањата на овоштарите.

На средбата на која присуствуваше и пратеничката Бети Рабаџиевска Наумовска, заеднички дадовме максимална поддршка на јаболкопроизводителите за ставот околу минимална продажна цена на јаболкото, договорена од страна на задругите на јаболкопроизводителите. Заеднички го констатиравме успехот што беше постигнат оваа сезона во заштитата од град, со авионското засејување на облаците. Разговаравме околу предизвиците со кои се соочуваат пред почетокот на овогодишната берба , како и насоки на делување на Општината и институциите во интерес на овоштарите“

Напиша на ФБ , градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски.

За вечерашната средба на јаболкопроизводителите не информира Менде Ивановски – претседател на Македонската асоцијација на земјоделски задруги во државата и  претседател на управниот одбор на земјоделската задруга „Ресгруп“ од с. Волкодери, Ресен.

Работната група на јаболкопроизводителите заедно со 6 те задруги и двете здруженија на овоштари во изминативе 15 дена имавме интензивни разговори со откупувачите на јаболка. Исто така и со градоначалникот на општина Ресен г-дин Живко Гошаревски имавме две средби и дојдовме до заеднички став дека јаболкото оваа сезона не треба да се откупува со пониска цена од 15 денари. Затоа вечер ги повикуваме сите производители на јаболка на средба да заедно ја договориме продажбата. Да му објасниме дека има голема заинтересираност за откуп во моментов и дека цената на јаболкото треба да биде и повисока од 15 денари. Ќе им се пренесе ставот од задругите дека нема да склучува ни една задруга договор за јаболка со цена пониска од 15 денари – изјави за Агротим Менде Ивановски – Претседател на работната група на производителите на јаболка

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:јаболкаминистерпреспаРсееснХоџа
Претходен напис Средба на јаболкопроизводителите вечерва во Ресен, тема откупната цена на козумното јаболко
Следен напис Добри садници, а не само ефтини садници, приоритет на Фарма Органика од Прилеп
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?