Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Министерот Арјанит Хоџа заедно со лозарите на откупен пункт
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Министерот Арјанит Хоџа заедно со лозарите на откупен пункт
АгровестиРастително производство

Министерот Арјанит Хоџа заедно со лозарите на откупен пункт

Објавено 23/09/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, Арјанит Хоџа, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев и директорoт на земјоделскиот инспекторат Зоран Шапуриќ доцна попладнево го посетија откупниот пункт „Лазово мовче“. Овде се откупува винско грозје за преработка во дестилат.  Лозарите кои чекаа да го продадат својот род добија ветување дека ќе им биде откупено грозјето до последно зрно.

-Од првиот ден на оваа позиција, заедно со премиерот Заев се зафатив со решавање на проблемот со откупот на грозјето. Знаеме дека поради ковид кризата и временските услови ситуацијата со грозјето е сериозна и така пристапивме кон проблемот со откупот. Она што досега е јасно дека нема да оставиме ниту едно зрно грозје да не се прибере. Тоа е сега најважно, бидејќи грозјето не стои и нема втора шанса за негово решавање на годишниот откуп. Но штом се прибере и последното грозје седнуваме со вас лозарите и винарските визби да зборуваме и најдеме трајно решение за сигурен откуп. Оваа клутура е многугодишна, знаеме со колкави површини располагаме и согласно очекуваниот просечен род ќе се договори и откупот со винарските визби. Доволно се зборуваше само за стратегија, тоа сега ќе го направиме – им порача Хоџа на лозарите.

Лозарите ќе добијат плус 4 денари од Владата, половината до крајот на годината, половината догодина. Според одлуката донесена синоќа преку Програмата за поддршка од Ковид 19 до Нова година ќе им биде исплатена поддршка од 2 денари килограм произведено и предадено винско грозје на сите земјоделци кои се евидентирани во Единсвениот регистар на земјоделски стопанства во МЗШВ. За останатите два денари земјоделците ќе треба да аплицираат до крајт на годината, а парите ќе ги добијат догодина.

Според истата одлука на Владата, од Програмата за поддршка од КОВИД 19 по 4 денари за килограм откупено грозје ќе добијат и винарските визби. Услов за да ги добијат парите е да платат 7 денари за килограм грозје  кое има до 18 шеќерни единици.

Лозарите се заблагодарија што се изнајде решение за проблемот со винското грозје,  кое поради лошите временски услови визбите не го откупуваа.

Хоџа и Јанчев најавија дека од утре ќе откупува и винаријата „вардар вајнари“ (поранешна Петра) и дека лозарите не треба да стравуваат. Ќе се откупи и грозјето со помалку шеќерност од 18%.

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:Арјанитгрозјеоткуп
Претходен напис Циклон се движи кон Македонија: За викендот ќе донесе голема промена на времето – детали
Следен напис Полска: Фарма во голем станбен комплекс
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?