Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Миланов се обрати на научната манифестација „Денови на ветеринарна медицина 2024“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Миланов се обрати на научната манифестација „Денови на ветеринарна медицина 2024“
Агровести

Миланов се обрати на научната манифестација „Денови на ветеринарна медицина 2024“

Објавено 24/09/2024
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

“Науката и примената на современата научна мисла и обезбедувањето на соодветна регулаторна рамка за научните институции е во фокусот на Агенцијата, во рамки на обврските кои ги имаме како институција и од областа на јавното здравство, а со тоа и во вршењето на основната функција – заштита на здравјето на граѓаните.  Креирањето на политики и нивно имплементирање на терен претставуваат императив и за нашата институција, бидејќи во секторите каде се јавуваат ризици,  ги наоѓаме и предизвиците за справување со нив. Преку заедничка работа и соработка на сите вклучени во системот за безбедност на храна и здравје на животните” – истакна денес во обраќањето д-р Оливер Миланов, Директор на Агенција за храна и ветеринарство, на отворањето на јубилејните 10-ти „Денови на ветеринарна медицина 2024“ и 2-рата конференција на ветеринарна и медицинска едукација, кои се одржуваат во Охрид.

Алиментарните инфекции и интоксикации, контаминентите, здравствената заштита и благосостојбата на животните, заштита на растенијата и безбедноста на храната во целина, додаде тој пред присутните, се предизвици пред кои секојдневно сме исправени сите заедно – науката, институциите, граѓаните и самите одгледувачи. Токму затоа, соработката е клучна, а тоа многу пати го имаме потврдено како институција.

– И тогаш кога станува збор за соработка со науката, со бизнис заедницата, невладиниот сектор, но и со непосредните производители, од каде што се почнува. Заедничките активности на нашата институција и науката, соработката со ветеринарните служби од регионот организирани преку реномирани светски организации од областа на ветеринарството и безбедноста на храната се реален показател за тоа дали и колку граѓаните, сточарството во секоја од државите и прехранбената индустрија во целина ќе бидат заштитени од постоечките, но и од нови кризи, ризици и закани во областа на безбедноста на храната и здравствената заштита на животните – потенцира Миланов.

2

Деканот на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје проф. д-р Деан Јанкулоски ги поздрави гостите од факултетите за ветеринарна медицина од Европа и посочи дека размената на искуства и иновации, меѓу институции, вработени и студенти поставува основа за зајакнување на научната и образовната соработка и воспоставување неопходни мостови за наставната, научната и истражувачката активност, во чекор со современите светски трендови.

– Студентите се иднината на ветеринарната професија. Оваа година, за прв пат, организиравме посебна сесија посветена на ветеринарната медицинска едукација, отворајќи ново поглавје во дискусијата за тоа што треба да учат студентите по ветеринарна медицина и како да се интегрираат најновите достигнувања во оваа област. Во ноември претстои превизитација од Европската асоцијација на ветеринарни факултети (EAEVE). Оваа активност не само што ја нагласува нашата посветеност кон високите стандарди и квалитетот на нашите студии, туку претставува и клучен чекор кон полноправно членство на нашиот факултет во EAEVE – рече Деканот.

Според Јaнкулоски клучна е соработката со  Агенцијата за храна и ветеринарство за исполнувањето на стратешката цел за усогласување со највисоките стандарди во безбедноста на храната и здравствената заштита и благосостојбата на животните, согласно стандардите на Европската Унија.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Денови на ветеринарна медицина 2024научната манифестацијаОливер Миланов
Претходен напис СВР Битола поднесе кривични пријави против осум лица поради предизвикување пожари
Следен напис Од денеска цените на дел од прехранбените производи треба да бидат намалени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?