Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Миланов: Безбедната храна не е привилегија, туку основно право на секој граѓанин
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Миланов: Безбедната храна не е привилегија, туку основно право на секој граѓанин
Агровести

Миланов: Безбедната храна не е привилегија, туку основно право на секој граѓанин

Објавено 04/06/2026
Сподели
7 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Безбедната храна не е привилегија, туку основно право на секој граѓанин. Секој од нас има право да биде сигурен дека храната што ја купува и јаде е безбедна. Токму таа доверба е најголемата одговорност што ја носиме како институција – порача директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Оливер Миланов, на настанот по повод јубилејот – 15 години од постоењето на АХВ, и 7 Јуни, Светскиот ден на безбедноста на храната.

Како што истакна Миланов, минатата година АХВ ја заокружи со спроведени над 47.200 надзори, а за утврдените прекршоци изрече 6.770 инспекциски мерки.

– Од формирањето на институцијата во 2011 година нашата мисија беше јасна: да изградиме и одржуваме ефикасен, транспарентен и современ систем за контрола на храната, здравствената заштита и благосостојбата на животните. Тоа е систем што веќе петнаесет години ги става граѓаните, производителите и бизнис-секторот на прво место, со посветеност на безбедноста на храната, здравјето и благосостојбата на животните и заштитата на јавното здравје – нагласи директорот.

Според него, покрај безбедноста на храната, значаен дел од работата на АХВ е и здравствената заштита и благосостојбата на животните.

– Нашата определба е јасна – здрави животни, безбедна храна и одговорен однос кон животните како предуслов за одржливо земјоделство и сигурен синџир на храна. Изминатите 15 години континуирано ги спроведувавме националните програми за превенција, контрола и искоренување на заразните болести кај животните, како и програмите за мониторинг и надзор, со цел навремено откривање и справување со потенцијалните ризици. Благодарение на посветената работа на ветеринарните служби и соработката со одгледувачите, успеавме да одржиме висок степен на заштита на здравјето на животните и да придонесеме кон заштита на јавното здравје – рече Миланов.

Овие активности, дополни, се темелат на принципот „едно здравје“, што ја препознава тесната поврзаност помеѓу здравјето на луѓето, здравјето на животните и животната средина.

Осврнувајќи се на инспекциската служба, напомена дека спроведува десетици илјади надзори годишно, во сите фази од синџирот на храна – од примарното производство на храна од животинско потекло, производство и преработка на храна од животинско и неживотинско потекло, до дистрибуција и продажба.

Во континуитет, додаде директорот, се зајакнуваат и лабораториските контроли, мониторинг-програмите за безбедност на храната и системите за брзо известување за небезбедна храна и за управување со ризици.

– Покрај заштитата од небезбедна храна, особено внимание посветуваме и на спречувањето измами со храна. Современите предизвици не се ограничени само на безбедносните ризици. Сѐ почесто се соочуваме со случаи на погрешно означување, лажно претставување на потеклото или составот на производите и други практики, кои може да ги доведат потрошувачите во заблуда. Затоа, преку засилени контроли и лабораториски испитувања континуирано ги зајакнуваме механизмите за откривање и спречување на ваквите појави следејќи ги европските практики и стандарди. Со тоа ја штитиме не само безбедноста туку и правото на потрошувачите на точни и веродостојни информации за храната што ја купуваат – потенцира Миланов.

Безбедноста на храната, рече, не се мери само преку бројот на спроведени контроли, туку и преку довербата што граѓаните ја имаат во институциите што се грижат за нивното здравје.

– Во 2024 и 2025 година ги интензивиравме инспекциските контроли на домашното производство, прометот и увозот на храна. Не дозволивме на домашниот пазар и на трпезите на граѓаните да се пласираат повеќе од 80 тони храна од неживотинско потекло, од домашно производство и од увоз, како и над 287 тони храна од животинско потекло. Како небезбедни од граничните премини вративме 16 пратки со храна од животинско потекло, а нештетно уништивме три пратки. Дополнително, забранети се девет пратки на храна од неживотинско потекло и уништени се 90 тони храна од неживотинско потекло од увоз – информира Миланов. 

Пред присутните се обрати и вицепремиерот за политички систем, Љупчо Димовски. Како што истакна, јубилејот на АХВ е сведоштво за петнаесет години посветена и одговорна работа, континуирано јакнење на институционалните капацитети, унапредување на системите за контрола на безбедноста на храната и храната за животни, како и градење доверба кај граѓаните во институциите што се грижат за нивното здравје и безбедност.

– Во време на сериозни глобални предизвици – климатски промени, појава на нови болести, нарушени синџири на снабдување и сè поголеми барања за квалитет и сигурност – прашањето за безбедна храна станува прашање на национална безбедност, јавно здравје и доверба во институциите. Токму затоа концептот „едно здравје“ денес има особено значење. Тој нè потсетува дека здравјето на луѓето, животните и животната средина се тесно поврзани и меѓусебно зависни. Безбедната храна почнува со здрави животни, соодветна ветеринарна грижа, контролирано производство, одговорно користење на природните ресурси и ефикасен институционален надзор – порача Димовски.

Вицепремиерот оцени дека паралелно со институционалното зајакнување изминатите години растеше и свесноста кај операторите со храна. Сè повеќе компании, според него, сфаќаат дека почитувањето на стандардите не е само законска обврска, туку предуслов за доверба, конкурентност и одржлив развој.

– Охрабрува и фактот што од година на година расте свесноста и кај граѓаните како потрошувачи. Денес тие се поинформирани, поактивни и сè погласно ги бараат и штитат своите права – правото на квалитетна, а пред сè, безбедна храна. Тоа е позитивен процес затоа што силната заштита на потрошувачите е темел на секое современо и одговорно општество – посочи Димовски.

Владата, како што заклучи во обраќањето, останува цврсто посветена на натамошно јакнење на институционалните капацитети на Агенцијата за храна и ветеринарство, но и на сите институции кои на кој било начин се поврзани со храната, здравјето и благосостојбата на животните. 

– Нашата цел е јасна – граѓаните да бидат сигурни дека храната што секојдневно ја јадат е безбедна, контролирана и произведена во согласност со највисоките стандарди. Безбедноста на храната е заедничка одговорност. Институциите ќе продолжат посветено и одговорно да работат во заштита на јавното здравје, но истовремено исклучително важно е и секој од нас како потрошувач да биде информиран, внимателен и одговорен – рече Димовски.

МИА

Може да ви се допадне

Научници во Ангола идентификувале над 70 нови видови инсекти 
Над 100 учесници од ИКТ-компании и институции од Македонија и Грција разгледуваат можности за соработка
Во Штип утре прскање против комарци
УЈП ја почнува третата фаза од проектот за е-фактура
Намален бројот на работници во индустријата
Таг:Безбедната хранаграѓанинМилановпривилегија
Претходен напис Научници во Ангола идентификувале над 70 нови видови инсекти 
Следен напис Магариња лекуваат пациенти со психички болести во психијатриска болница во Франција
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?