Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Михајлов: Кај порано посеаните житарици забележан инсектот „црниот житарец“, земјоделците редовно да вршат контрола
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Михајлов: Кај порано посеаните житарици забележан инсектот „црниот житарец“, земјоделците редовно да вршат контрола
Агровести

Михајлов: Кај порано посеаните житарици забележан инсектот „црниот житарец“, земјоделците редовно да вршат контрола

Објавено 26/01/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Снегот кој падна на земјоделските површини во јануари нема многу големо влијание од аспект на влага, бидејќи целиот декември лани беше врнежлив во овчеполскиот и штипскиот регион, вели универзитетскиот професор на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Љупчо Михајлов.

Тој посочува дека со благата зима, со невообичаено високи тепемератури, нема ризик за измрзнување на посевите. Инаку врнежите дожд лани во декември ја имаат и пролонгирано сеидбата на житните култури, па дел од земјоделците сеидбата ја имаат извршено по Нова година.

-Во однос на вашето прашање, да снегот секогаш е добредојден, но оваа година немаше важно влијание, бидејќи неговата просечна височина беше од 10 до 15 сантиметри, кратко се задража заради високите температури, вели Михајлов.

Но, тој им порачува на земјоделците во моментов да ги контролираат површините, барем еднаш неделно, бидејќи кај житните култури кои порано се посеани има забележано појава на инсектот „црниот житарец“.  

-Оние коишто имаат направено рана седиба, каде што посевите се во состојба на братимење, имаат голема лисна маса веќе се среќаваат со проблемот на напад на „црниот житарец“, којшто прави штети и ги оретчува, го намалува склопот на културите. Затоа повеќето од нив при контролата, ако забележат дека имаат штети од тој штетник, тој инсект, од ларвата на тој инсект треба да ги третира со одредени инсектициди. Што од друга страна го поскапува и производството, вели Михајлов.

Универзитетскиот професор, Михајлов советува земјоделците во овој период да фрлат дополнително ѓубре и тоа за посевите кои се порано насеани со житни култури. Според него најважно во овој период за да се спречат болести и помалите приноси, земјоделците почесто да излегуваат и да ги контролираат своите посеви.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:земјоделципосевштетник
Претходен напис Одложени неколку летови на Скопскиот аеродром
Следен напис Сончево со мала до умерена облачност, магла по котлините
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?