Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Мицотакис на средбата со земјоделците: Очекувам суштинска дискусија за да се стави крај на периодот на голема тензија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Мицотакис на средбата со земјоделците: Очекувам суштинска дискусија за да се стави крај на периодот на голема тензија
Агровести

Мицотакис на средбата со земјоделците: Очекувам суштинска дискусија за да се стави крај на периодот на голема тензија

Објавено 19/01/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Надеж дека ќе имаат продуктивна, отворена, суштинска и искрена дискусија, со цел да се стави крај, на како што рече, периодот на голема тензија, изрази грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на почетокот на средбата со земјоделците кои протестираат веќе 52 дена, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис денеска ја прими делегацијата од 25 претставници и шестмина набљудувачи одредени од земјоделците од 62 блока од цела Грција, а на почетокот на средбата посочи дека според Владата „оваа средба требаше да се одржи порано“.

– Немам очекување да се согласиме за сè, но верувам дека ќе имаме суштинска дискусија за да се стави, би рекол, крај на еден период на голема тензија, што, мислам, на крајот не им послужи ниту на вашите оправдани, но и бројни барања, ниту на општеството, кое во оваа фаза, мислам дека бара да одиме напред, справувајќи се со барања што се оправдани, но истовремено јасно беше кажано од наша страна што од она што го барате може да се реализира и што не може, рече Мицотакис.

Објасни дека веќе се преземени иницијативи за прашањата што континуирано ги покренуваат земјоделците.

Како пример ги спомена интервенциите во цената на електричната енергија за земјоделците и можноста за враќање на специјалниот данок на потрошувачка за горивото, кое, како што рече, се во можност да го исполнат и за кое ќе разговараат детално. 

Земјоделците според најавите, на средбата ќе покренат 14 барања меѓу кои договорот Меркосур, поевтина електрична енергија и гориво за сите земјоделци, обесштетувањата за сите болести кај животните, но и за природните опасности, како и за надоместувањето на изгубениот приход.

Протестите на земјоделците започнаа на 30 ноември, со блокади на автопатишта, патишта, гранични премини, а тракторите и понатаму се на улица, паркирани во една коловозна лента.

Грчкиот премиер во вторникот се сретна со претставници на околу 18 земјоделски блокови од целата земја, односно со оние кои уште од минатиот месец се одвоија од останатите земјоделци и побараа дијалог со владата.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:дискусијаземјоделцитемицотакистензија
Претходен напис (ФОТО) Градоначалникот на Крива Паланка скокна по крстот во Крива Река
Следен напис Од утре во Скопје затворени: Филип Втори Македонски, Ѓорче Петров, Козле и патот кон Лисиче – камерите на „Безбеден град“ во акција!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?