Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Мицотакис ќе се сретне со земјоделците во понеделник под услов патиштата да останат отворени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Мицотакис ќе се сретне со земјоделците во понеделник под услов патиштата да останат отворени
Агровести

Мицотакис ќе се сретне со земјоделците во понеделник под услов патиштата да останат отворени

Објавено 15/01/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Постои начелен договор за средба на земјоделците со премиерот в понеделник во 13 часот, под услов сите патишта да останат отворени, посочи портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина.

Мнозинството од грчките земјоделци, кои протестираат од 30 ноември, во вторникот одбија да се сретнат со Мицотакис, бидејќи, како што рекоа тогаш, не беа исполнети нивните предуслови за средба, но по вчерашниот состанок одговорија позитивно на поканата за дијалог.

Земјоделците од сите 62 блока низ цела Грција вчера одржаа состанок и одлучија нивна делегација од 25+5 лица, претставници на земјоделците, сточарите, рибарите и пчеларите да се сретнат со грчкиот премиер на датум што ќе биде одреден од Владата.

Владиниот портпарол денеска уште еднаш посочи дека главен предуслов за средбата в понеделник е патиштата низ цела Грција да останат отворени, но и на состанокот да не учествуваат земјоделци кои покажале деликвентно однесување.

– Мислам дека предусловите не се страшни, туку се подразбираат. Целта не е некој да излезе како победник од ова, она што има вредност е луѓето да добијат нешто повеќе за нивниот сектор, во конкретниот случај, земјоделците и сточарите. Ние се стремиме кон средби и како што гледате покажуваме добри намери, под предуслов да се почитуваат условите, особено условот да останат отворени патиштата за да се реализира следната средба, посочи Маринакис.

Според најавите, се очекува сè до средбата в понеделник да нема затворање на автопатиштата и граничните премини, а тракторите, како и досега да останат паркирани на блокадите.

Грчкиот премиер во вторникот се сретна со претставници на околу 18 земјоделски блокови од целата земја, односно со оние кои уште од минатиот месец се одвоија од останатите земјоделци и побараа дијалог со владата. 

Може да ви се допадне

Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Се чека со часови за влез во Грција. Километарски колони и покрај седум ленти
Германските земјоделци предупредуваат на можен недостиг на ѓубрива поради кризата на Блискиот Исток
ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
Таг:земјоделцитемицотакисотворени
Претходен напис УХМР: Викендов постудено – дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините
Следен напис ПроКредит Банка и ЕФСЕ со нова Агро кредитна линија со грант поддршка до 1.000 евра за земјоделските производители
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?