Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Мицкоски: Следната недела очекувам поголемо намалување на цената на дизелот и бензините, имаме убедливо најниска цена во регионот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Мицкоски: Следната недела очекувам поголемо намалување на цената на дизелот и бензините, имаме убедливо најниска цена во регионот
Агровести

Мицкоски: Следната недела очекувам поголемо намалување на цената на дизелот и бензините, имаме убедливо најниска цена во регионот

Објавено 28/07/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека очекува следната недела да има поголемо намалување на цената на дизелот и на бензините, откако вчера Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,55 проценти.

Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за покапувањето, но и за тоа дали се планира некакво намалување на акзиците или на ДДВ-то, истакна дека акцизите се анализираат на секои две недели, а следната анализа е заклучно со 31., кога ќе се направи просекот за тој период.

– Знаете дека на секои две недели се анализираат акцизите. Сега завршува втората половина од месецот и веќе во понеделник ќе направиме просек за тој период. Врз основа на тие параметри ќе се делува врз цената на нафтените деривати. Добро е што веќе два дена по ред цената паѓа. Денеска се стабилизира некаде околу 85-86 долари за барел, така што веќе следната недела очекувам поголемо намалување на цената на дизелот и бензините. Она што е важно е дека ова е берзански производ и сите држави купуваат од ист пазар. Ние, како држава, имаме убедливо најниска цена на дизелот и безоловниот бензин во регионот, па и меѓу најниските во Европа – нагласи Мицкоски за време на посетата на општина Илинден. 

Според одлуката на РКЕ, од полноќ, максималната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 93 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 95 денари за литар. Како причина за корекцијата на цените, од РКЕ посочуваат дека референтните цени на светските пазари бележат раст. 

Од РКЕ нагласуваат дека станува збор за максимално утврдени цени и дека трговците на големо и мало можат да ги формираат цените на нафтените деривати и на пониско ниво од утврдените највисоки цени. 

МИА

Може да ви се допадне

Народна банка: Основната каматна стапка останува непроменета – и натаму постои висока неизвесност
Водата во Крушево е исправна за пиење, Агенцијата за храна и ветеринарство ја повлече забраната
АФПЗРР: До крај на денот ќе се овозможи пристап во системот за пријавување на субвенции!
Царинска управа: Запленети 5.000 штеки цигари вредни девет милиони денари на ГП „Богородица“, приведен е возачот
Подготовки за летната сезона на пожари: Зајакнување на опасноста на пределите во западен балкан
Таг:дизелотМицкоскинамалувањенедела
Претходен напис Водата во Крушево е исправна за пиење, Агенцијата за храна и ветеринарство ја повлече забраната
Следен напис Народна банка: Основната каматна стапка останува непроменета – и натаму постои висока неизвесност
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?