Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Мицкоски: Рекордни цени во земјоделството и изненадувачки позитивна исплата на субвенциите, опозицијата се обидува да манипулира
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Мицкоски: Рекордни цени во земјоделството и изненадувачки позитивна исплата на субвенциите, опозицијата се обидува да манипулира
Агровести

Мицкоски: Рекордни цени во земјоделството и изненадувачки позитивна исплата на субвенциите, опозицијата се обидува да манипулира

Објавено 11/08/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Фактите покажуваат каква е состојбата во земјоделството. Опозицијата се обидува да напаѓа и да манипулира со изнесување лаги и конструкции, но граѓаните да бидат спокојни, зашто Владата мисли на се, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

-Исплатата на субевнциите е навистина за мене изненадувачки позитивна, веќе минатата недела се исплатија околу 400 милиони денари за околу 7 000 земјоделци. Ќе продолжиме на тој начин да ја придвижуваме економијата. Ги следам пораките од опозицијата која се обидува со конструкции и лаги да напаѓа, но фактите се сосема поинакви. Кога оваа Влада беше избрана, пред нецели 14 месеци, во „Национални шуми“ и АД „Водостопанство“ повеќе од три месеци не беа исплатени плати, а сега се и денес редовно се исплаќаат. Имавме и неисплатени субвенции од 2021 година, а сега се завршува со оние за 2024 и почнува реализацијата за 2025 година. Кај тутунот договорите кои беа на 375 денари за килограм и 80 денари субвенција, сега се зголемија на 400 денари и 100 денари субвенција со што се постигнаа рекордни 500 денари за килограм, а реколтата порасна од 18 милиони килограми на 23 зашто донесовме Закон во кој кажавме додека и последниот лист не биде откупен, нема да се увезува, истакна Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Општина Петровец.

Според премиерот, и кај раногардинарските култури, зелка, домати, краставица, лук, кромид, пипер, се забележува рекордна откупна цена.

-Зошто е тоа така, зашто Владата не се договара со откупувачите за цената да ја депресира и потоа некој да профитира. Секаде се бележат рекордни цени, и кај мелничарите, и кај производителите на пченица. Опозицијата се обидуваше да манипулира и кај грозјето, а таму имаме рекордни цени и род 25 отсто повеќе зашто работеа системите за наводнување навреме. Ако лани достигнавме 70 – 75 милиони килограми, сега родот ќе биде 100 милиони. Ова се факти, а тоа што го зборува опозицијата е обид да се конструира нешто, обид за политиканство. Опозицијата има своја агенда, а ние треба да работиме во интерес на граѓаните. Мислат ќе добијат некој политички поен, но граѓаните да бидат спокојни, имаат Влада што мисли на се, подвлече Мицкоски.

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:земјоделствотоманипулираМицкоскиРекордни ценисубвенциите
Претходен напис Покрај убавиот мирис, циметот има и антибактериски својства
Следен напис ЦУК: Два активни пожари, во НП „Јасен“ и во струмичко Сарај
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?