Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Мицкоски: Нема да има зголемување на старосната граница за пензионирање, новиот буџет има развојна компонента
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Мицкоски: Нема да има зголемување на старосната граница за пензионирање, новиот буџет има развојна компонента
Агровести

Мицкоски: Нема да има зголемување на старосната граница за пензионирање, новиот буџет има развојна компонента

Објавено 10/12/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во Отворено студио на МРТВ на тема „Буџет 2025“ на тема пензии и ПИОМ истакна дека ставот на Владата е дека нема да има зголемување на старосната граница за пензионирање и дека детектирани се проблемите, Владата дејствува, а новиот буџет има развојна компонента и индикаторите ќе бидат уште подобри.

„Суштината е дека ние преку овој двостолбен задолжителен пензиски систем оваа дупка во државниот пензиски столб ќе се проширува уште некое време, отприлика до 2030 година и потоа кога ќе почне подинамична исплата од вториот пензиски столб, тогаш ќе биде поинаку. Ние како Влада имаме и втора опција како што направија Полска, Унгарија, Балтичките земји да го национализираме и се да биде државно. Еден закон се носи, се национализира вториот столб и дупката ќе ја нема, но дали е вистинска мерка има различни мислења.  Има мислења дека треба, други викаат не треба, и во состојба во која сме така можеме да кажеме дека дупката ќе се продлабочува, населението старее, придонесите се тие коишто се, пензиите се тие коишто се“, рече премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски истакна дека во врска со темата друго е реформата како ќе се однесува Владата кон социјалните трансфери, дали ќе направи реформа во делот на примателите конкретно на социјална помош кои добиваат по неколку закони, дали ќе има еден катализиран регистар да се знае кои се тие кои се живи приматели, затоа што има приматели кои не се живи или се отселени одамна.

„Мора да се направи таа реформа. Има градови каде бројот на приматели на разна социјална помош и слично или се плаќаат придонеси за неосигурани лица е поголем од бројот на жители.  Имаме такви наследени парадокси“, истакна Мицкоски.

Премиерот Мицкоски потенцираше дека сепак треба да се знае дека оваа Влада не ги остава работите како што биле, туку ги знае проблемите и веќе ги решава.

„Нема да очајуваме, ќе работиме, детектиравме, јасно знаеме кои се проблемите, има повикани вработени во центрите за социјални работи кои се повикани на одговорност. Така што мора ова да се катализира, нема да ја оставиме работата каква што била до сега. Дејствуваме и мислам дека скоро од денеска ќе се почувствува, индикаторите се подобри и ќе бидат уште подобри“, нагласи премиерот Мицкоски.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:владапензионирањеразвоен ефектсоцијална помош
Претходен напис Собранието го донесе државниот Буџет за 2025 година
Следен напис Мицкоски: Се градат автопатите за Битола, Охрид, експресните патишта за Паланка и Градско Дреновска Клисура до крај на годината ќе бидат готови
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?