Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање информираше дека на лозарите им се исплатени околу 5 милиони евра субвенции.
-Исплатени се околу 5 милиони евра субвенции за повеќе од 12 илјади лозари и мислам дека таа тенденција и во следната година ќе продолжи исто како и сите останати земјоделски гранки. Турунарите имаат рекордна цена и т.н, тоа ни е главен фокус и ќе продолжи да ни биде главен фокус и оваа година изјави премиерот Мицкоски.
На 14 февруари годинава, на празникот Свети Трифун, беа исплатени 315 745 324 денари кон 11 689 лозари за остварено производство на грозје, информираше Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат пријавено обработлива земјоделска површина со лозови насади, а оствареното производство на грозје го предале во регистриран откупувач, вклучително и произведеното грозје за сопствениот преработувачки капацитет или производството го користеле за сопствено потреби и продажба на пазар.