Унапредување на соработката во безбедноста на храната и здравствената заштита и благосостојбата на животните меѓу Владата и Агенцијата за храна и ветеринарство, договоривме на денешниот работен состанок со директорот на Агенцијата Оливер Миланов и раководителот на Секторот за инспекциски надзор Тања Ристевска, информира Верче Мицевска -Национален координатор за безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика.
Во фокусот на разговорите беа големиот број вонредни инспекциски надзори кои ги спроведе Агенцијата во втората половина од минатата година во интерес на заштита на здравјето на граѓаните.

Во својство на Национален координатор за безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика изразив благодарност до Директорот и раководителот на Секторот за инспекциски надзор во Агенцијата за нивната посветеност во интерес на граѓаните.
За годинава договоривме реализација на голем број активности на полето на безбедноста на храната и здравјето на животните кои заеднички ќе ги реализираат Владата, Министерството за земјоделство и Агенцијата во соработка со научната фела и бизнис заедницата.
Фејсбук статус на Верче Мицевска -Национален координатор за безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика.
