
Во некои краишта честите доцни пролетни мразови можат значително да ги намалат приносите на овошките.
При температури од -1 do -2 °C страдаат зачетоците на плодовите, а при температури од -2 do -3°C страдаат цветовите. Затоа задача на овоштарите во краевите со чести доцни мразеви кај овошките е што подолго да се задржи почетокот на вегетацијата и да се одолговлекува цветањето на овошките.
Во некои краишта честите доцни пролетни мразеви можат значително да ги намалат приносите на овошките.
Ова може да се постигне со прскање на овошките со калциум хидроксид, мешајќи во литар вода 80 гр вар, 5 гр сапун и 0-50 гр глина. После ова прскање, површината на круната на стеблото помалку се загрева и стеблото подоцна ја започнува вегетацијата.
Со овој начин може да се задржи развојот на пупките за три до пет дена.
Најстариот начин на заштита на овошките од доцен мраз е зачадување на овоштарникот. За оваа заштита во овоштарникот порано се подготвуваат купишта свежо арско ѓубре, слама, гранчиња од дрва, струг, лисја и други материјали кои при согорување даваат доста чад. Обично пред зора, кога темепратурата ќе падне помеѓу +1 и 0 °C, овие купишта треба да се потпалат. За едно стебло се подготвуваат 1-2 купчиња од овој материјал. Чадењето треба да трае уште 2 часа после излегување на сонцето. Чадот се распоредува по овоштарникот и го намалува ладењето на овошните стебла. Во борбата против мразот може да се користи и постојано наводнување во време на замрзнување. Воденото огледало (мраз) на овошките кое се создава со натопување служи како заштита од продор на ниски температури во ткивото на овошките. Освен тоа, водената пареа која испарува го намалува губењето топлина на дрвото.
Извор: Agroportal.hr
Напишете коментар