Управата за хидрометоролошки работи со МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Денес попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град. Во однос на температурите ќе биде активно жолто ниво за опасност од висока температура.
ВРЕМЕТО УТРЕ (25.08): Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. UV=8
Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

