Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Месото треба да е од 330 до 360 денари“ – откупните цени на храната мизерни, во продавница астрономски
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > „Месото треба да е од 330 до 360 денари“ – откупните цени на храната мизерни, во продавница астрономски
Агровести

„Месото треба да е од 330 до 360 денари“ – откупните цени на храната мизерни, во продавница астрономски

Објавено 15/05/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Откупните цени на храната мизерни, на полица во продавница астрономски. Вака во емисијата „Бизнис 21“ земјоделците ја опишаа состојбата со нивното производство кое го предаваат дури и за помалку пари од колку што ги чини да го произведат. Проблемот со високите цени во продавниците го гледаат во високите маржи на трговците.

„Моментално откупна цена на зелката, на млада пролетна зелка е 15 денари кај нас на терен. А исто имаме производство на краставица, долга краставица, откупот се движи од 15 до 20 денари. Значи тоа се цени кои не ги задоволуваат ниту производните цени“, вели Ѓорѓи Каракашев, национална мрежа на земјоделци.

„Во трговската маржа се ставаат огромни маржи. Значи оди, да речеме тој производ оди преку неколку раце и сите си ставаат одредена и маржа и на крајот значи кога стигнува производот до крајниот потрошувач, цената достигнува некоја астрономска сума“, вели Ѓорѓи Каракашев, национална мрежа на земјоделци.

Новинар: Која според вас би била реалната цена на свинско месо во месара да речеме?

-Од 330 до 360 денари, вели Бојан Ѓорѓиевски, Здружение „Македонско прасе“.

Земјоделците се децидни дека покрај нив, најоштетени се граѓаните. Велат покрај високите маржи трговците користат и трикови да заработат повеќе.

„Моменталната откупна цена е 22 денари на оризова арпа, после тоа се преработува во тој дел, меѓутоа ние имаме извадено од факултетот производна цена 27 денари“, вели Тони Максимов, национална мрежа на земјоделци.

„Трговците знаат да си ја зголемат маржата по основ на додаден премикс односно „крш“ во оризот. Тоа го има во трговијата не го знаат граѓаните“, вели Тони Максимов, национална мрежа на земјоделци.

Велат субвенциите не одат на вистинско место, а земјоделците се сведени на социјала. Предупредуваат дека ако не се направи стратегија ќе останеме без земјоделци. Младите не сакаат да го работат тоа, и се повеќе се иселуваат.

Анализата на Бизнис 21 пак покажа дека за 17 години сме потрошиле 1,5 милијарда евра за субвенции, за да го зголемиме домашното производство на храна. Но производството низ годините паѓа. Само лани над 1 милјарда евра не чинел увозот на храна.

Може да ви се допадне

СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Формиран совет за унапредување на високото образование и стратешки истражувања на Стопанската комора
Таг:земјоделцимесопродажна цена
Претходен напис Кои се добитниците, а кои губитниците во трговскиот договор меѓу Кина и САД?
Следен напис ЕК ќе ја поедноставува заедничката земјоделска политика
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?