Користејќи ја вообичаената камера од паметните телефони и апаратите за 3Д печатење, научниците од Државниот универзитет во Мексико развија полесен начин за мерење на густината на почвата.
Според обемот и тежината на примероците, научниците можат да ги споредат резервите на хранливи материи или јаглерод кај различни типови на почви со цел подобро да управуваат со нив. Со овој нов систем, тие добиле ефтина репродукција на скапите ласери и методите кои одземаат многу време.
„Новиот пристап би можл да им овозможи на научниците ширум светот да ја забрзаат својата работа со уредите кои веќе ги имаат или да можат лесно да ги набават“, вели Колби Брунгард, истражувач на универзитетот.
Одредување на волуменот
За да се утврди густината на почвата, на научниците им е потребна тежината или масата на одредена количина од почвата и волуменот. Потребна е само вага за да се одреди тежината. Но, одредувањето на волуменот е многу потешка задача.
Оригиналниот метод за мерење се прави со премачкување на земјата со восок и ставање во вода. Три – димензионалното ласерско скенирање се појави како алтернатива, но е скапо и одзема многу време.
Мобилна апликација
Имајќи ги предвид овие предизвици, Брунгард побарал подобар метод. Врз основа на работата на неговите колеги, тој знаел дека фотографиите можат да се искористат за мерење на волуменот. Така заклучил дека му требаат само оние од прав агол и со вистински димензии. Затоа, тој решил да ја претстави идејата за креирање мобилна апликација пред студентите за време на едно предавање.
“Ја објаснив мојата идеја и консултирав студентите кои се на додипломски студии дали некој од нив е заинтересиран да го преземе проектот. Мајкл Витинг, кој беше прогласен за студент на годината и главен автор на трудот, доброволно се пријави и направи свое истражување“, вели Брунгард.
Кaмера од паметен телефон и 3D принтер
Тимот се фокусирал на модерната технологија. Тие знаеле дека паметните телефони имаат доволно добри камери за да ја фотографираат почвата и тоа со висока резолуција. За да добијат конзистентен преглед на целиот примерок, тие користеале 3Д печатач за да создадат мал примерок со големина од само неколку инчи.
Користеле држач за телефон за да биде смирен. Исто така има едноставна рачка што дозволува рачно да се ротира телефонот додека слика.
Научниците ги пренесле сликите во програма што може да ги поврзе во 3Д слика што дава величина за волумен. При споредување на системот за паметни телефони со стари ласерски скенирања или користење на восоци, последните мерења биле скоро идентични. Се покажало дека оваа точност е вистина за пет различни типови на почва.
Само 15 минути за еден примерок
Системот на паметните телефони исто така бил брз. Потребни биле само 15 минути за еден примерок, додека ласерското скенирање може да трае час и половина. Имало мал проблем, бидејќи компјутерската програма ги анализира сликите. Без оглед на тоа методот бил едноставен, брз, ефтин и точен.
„Методот на фотограметрија не вклучува комплицирана или скапа опрема како традиционалните 3Д ласерски скенери, бидејќи дури и нискобуџетните мобилни телефони веројатно имаат соодветни камери“, заклучи Брунгард.
Извор: Агроклуб
