Македонија и Мавровското езеро оваа година ќе бидат домаќини на Светското првенство во риболов на крап, соопшти Македонската риболовна федерација.
По тој повод, денеска во просториите на Националниот парк Маврово во Маврови Анови, ќе биде потпишан меморандум за соработка меѓу Македонската Риболовна Федерација, Општината Маврово и Ростуше и Националниот парк Маврово.
Првенството претставува историски момент за земјата, бидејќи за првпат се организира спортски настан од ваков ранг и обем, со учество на екипи од околу 30 држави, меѓународни медиуми и светски риболовни организации.
МИА
