Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЕМО одржа jавна расправа за правилата на организираниот пазар и работилница за Пазарот во тековниот ден 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > МЕМО одржа jавна расправа за правилата на организираниот пазар и работилница за Пазарот во тековниот ден 
Агровести

МЕМО одржа jавна расправа за правилата на организираниот пазар и работилница за Пазарот во тековниот ден 

Објавено 23/03/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје одржа јавна расправа за Правилата за работа на организираниот пазар на електрична енергија, како и работилница посветена на пазарот во тековниот ден (Intraday Market), чиј почеток е планиран за 6 мај годинава.

На настанот, информираат од МЕМО, учествуваа претставници од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Регулаторната комисија за енергетика, МЕПСО, ЕВН, ЕСМ, како и компании – снабдувачи, трговци и производители на електрична енергија.

Присуството на сите релевантни чинители овозможи конструктивна дискусија и размена на мислења за клучните аспекти од функционирањето на организираниот пазар. Настанот го отвори директорот на МЕМО, Зоран Ѓорѓиевски, кој ја истакна посветеноста на институцијата кон развој на ефикасен, транспарентен и конкурентен пазар на електрична енергија, во согласност со европските практики и стандарди, велат од МЕМО.

-Воспоставувањето на пазарот во тековниот ден е од клучно значење за зголемување на флексибилноста и ефикасноста на тргувањето со електрична енергија, особено во услови на зголемено учество на обновливите извори. Овој пазар им овозможува на учесниците навремено да ги прилагодат своите позиции, што директно придонесува кон намалување на дебалансите и оптимизација на трошоците, истакнал Ѓорѓиевски.

Во своето обраќање тој посочил и дека во јануари годинава е потпишан договор со словенечката енергетска берза BSP Energy Exchange, како избран економски оператор за обезбедување услуги на трговска платформа и клиринг за пазарите ден-однапред и во тековниот ден.

За Правилата за работа на организираниот пазар говореше Митко Огненоски, раководител на оддел за обновливи извори на енергија и организиран пазар на електрична енергија, кој истакна дека тие ги уредуваат условите за тргување, клиринг и порамнување, како и оперативните правила, кодексот на однесување и процесот на регистрација на учесници, со цел обезбедување високо ниво на транспарентност, сигурност и ефикасност на пазарот.

Во рамки на работилницата, претставниците на BSP, Матеј Годец и Таи Каштрун, го презентираа софтверското решение кое овозможува тргување во речиси реално време, како и практичните аспекти од функционирањето на пазарот во тековниот ден.

Овие активности се дел од пошироките напори за понатамошен развој и интеграција на македонскиот пазар на електрична енергија во регионалниот и европскиот пазар, во пресрет на официјалното стартување на Intraday пазарот во мај годинава.

МИА

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:jавна расправамемоорганизираниот пазарПазаротработилница
Претходен напис РКЕ го смени правилникот за формирање на цените на горивата: Може да се одлучува на дневно ниво
Следен напис Просечната нето-плата во јануари 46.617 денари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?