Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЕМО: АД ЕСМ се придружи на Пазарот во тековниот ден (Intraday Market)
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > МЕМО: АД ЕСМ се придружи на Пазарот во тековниот ден (Intraday Market)
Агровести

МЕМО: АД ЕСМ се придружи на Пазарот во тековниот ден (Intraday Market)

Објавено 22/04/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

АД ЕСМ е првата компанија која официјално се регистрира на пазарот во тековниот ден со што е подготвена за активно учество во првите трансакции на новиот пазарен сегмент, информираат од Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, кој од денеска го започна процесот на регистрација на нови учесници на пазарот во тековниот ден (Intraday Market). Пазарот во тековниот ден официјално стартува на 6 мај годинава.

-Со воведувањето на интрадеј тргувањето, отвораме ново поглавје во оптимизацијата на сопственото производство и зголемувањето на енергетската ефикасност. За нас како најголем производител, ова тргување не е само техничка новина, туку стратегиска алатка. Моменталното реагирање и вонредна набавка во денот на потребните количини на електрична енергија при неочекувани промени во дневниот план за производство или потрошувачка на електрична енергија, ќе ни овозможи поефикасно менаџирање со стабилноста на системот и остварување на подобри финансиски резултати на компанијата. Убеден сум дека  интрадеј тргувањето значи силна и ликвидна берза  која е столбот на модерната енергетика. Со вклучувањето на тој сегмент, МЕМО станува комплетен наш партнер и најсериозен пазарен механизам кој ги следи европските стандарди- изјави Лазо Узунчев, генерален директор и претседател на Управниот одбор на  АД ЕСМ.

Генералниот директор на МЕМО, Зоран Ѓорѓиевски, истакна дека интересот кај учесниците на пазарот на електрична енергија е голем и очекува нови компани со препознатливи имиња да пристапат на пазарот во наредните денови.

-На 6 мај официјално стартува пазарот во тековниот ден, што ќе овозможи поголема ефикасност во тргувањето со електрична енергија. Овој пазар ќе им обезбеди на учесниците дополнителна флексибилност, поголема прецизност во балансирањето на портфолијата и можност за тргување блиску до реалното време, што претставува суштински предуслов за модерно и ефикасно работење- истакна Ѓорѓиевски.

Во јануари годинава, МЕМО и словенечката енергетска берза БСП го потпишаа договорот за воспоставување на пазар во тековниот ден (Intraday Market). Словенечката енергетска берза БСП и ЕПЕКС СПОТ беа избрани како економски оператори за обезбедување услуги на трговски и клиринг платформи за пазарите на електрична енергија во сегментите ден-однапред (Day-Ahead Market), кој успешно функционира од мај 2023 година, како и за имплементацијата на пазарот во тековниот ден.

Со поддршка на партнерите, Владата и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, МЕМО продолжува посветено да развива транспарентен, сигурен и ефикасен пазар на електрична енергија, како и целосна интеграција со европскиот пазар.

МЕМО

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:АД ЕСМмемопазароттековниот ден
Претходен напис Сарма со лозов лист
Следен напис ЦУК и УХМР ја унапредуваат соработката за ефикасно функционирање на системите за управување со кризи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?