Меѓурегионална средба на главните преговарачи и високите претставници надлежни за европската интеграција ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Министерството за европски прашања.
Средбата ќе се одржи под раководство на првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, со учество на претставници од земјите од Западен Балкан, Украина, Молдавија и Грузија, како и од Европската комисија и меѓународните партнери.
Како што соопшти МЕП, предвидено е на средбата воведно обраќање пред учесниците да има министерот Сали.
МИА
