Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МДТ: Ги исполнуваме обврските за „роаминг како дома“ – граѓаните поблиску до ЕУ роаминг без дополнителни трошоци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > МДТ: Ги исполнуваме обврските за „роаминг како дома“ – граѓаните поблиску до ЕУ роаминг без дополнителни трошоци
Агровести

МДТ: Ги исполнуваме обврските за „роаминг како дома“ – граѓаните поблиску до ЕУ роаминг без дополнителни трошоци

Објавено 21/01/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за дигитална трансформација (МДТ) ја информира јавноста дека измените и дополнувањата на Законот за електронски комуникации (ЗЕК) се влезени во владина процедура и истите се објавени на ЕНЕР. Со овие измени, Македонија ги исполнува правните обврски за усогласување со европските стандарди во областа на роамингот, со јасна цел – повеќе заштита, поголема транспарентност и пониски и предвидливи трошоци за граѓаните при користење мобилни услуги во роаминг во земјите членки на Европската Унија.

Како што соопшти Министерството, земјава веќе е дел од регионалниот договор за роаминг во Западен Балкан, со кој граѓаните користат мобилни услуги во земјите од регионот под услови како дома, без дополнителни роаминг-трошоци.

-Со измените и дополнувањата на ЗЕК се создаваат услови за воспоставување јасни правила за ограничување на цените на роаминг услугите, зголемена заштита на корисниците преку транспарентно информирање и механизми за спречување на неочекувано високи трошоци и зајакнување на регулаторната улога на надлежните институции во областа на електронските комуникации, укинување на трошоците за роаминг при патување во земјите на ЕУ, зголемена правна сигурност и предвидливост на цените и олеснет пристап до дигитални услуги, е-услуги и мобилна комуникација во странство, стои во соопштението.

Од Министерството додаваат дека со предложените измени се врши усогласување со: Директива (ЕУ) 2018/1972 за донесување на Европски законик за електронски комуникации; Регулатива (ЕУ) 2022/612 за роаминг во јавни мрежи за мобилна комуникација во рамките на Унијата; Регулатива (ЕУ) 2016/2286 за фер користење и методологија за процена на одржливоста на укинувањето на дополнителните роаминг-надоместоци; Делегирана регулатива (ЕУ) 2021/654 за единствена максимална цена за завршување говорни повици во мобилни и фиксни мрежи; Регулатива (ЕУ) 2018/1971 за основање на Телото на европските регулатори за електронски комуникации (БЕРЕК) и Канцеларијата на БЕРЕК.

Министерството очекува дека Владата ќе го утврди текстот на законот до крајот на месецот, а во февруари тој ќе се најде во собраниска процедура и ќе биде усвоен.

-Со овој чекор, Министерството за дигитална трансформација и Владата ги исполнуваат условите за постигнување на исти трошоци за повици, пораки и интернет пакети за македонските граѓани, кога тие патуваат или престојуваат во ЕУ. По ова, ќе следува донесување на три подзаконски акти од Агенцијата за електронски комуникации, по што сите овие активности ќе бидат споделени со Европската комисија на нивна валидација.

На овој начин, додваат оттаму, македонските граѓани ќе ги уживаат придобивките од единствената европска роаминг зона, без дополнителни непредвидени давачки и трошоци, на ист начин како граѓаните на ЕУ.

Текстот на предлог-законот е објавен на платформата ЕНЕР каде што сите заинтересирани страни ќе можат да достават коментари и предлози, документите се достапни на следниот линк: https://ener.gov.mk/Default.aspx?item=pub_regulation&subitem=view_reg_detail&itemid=116080. 

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:граѓанитеМДТобврскитероамингтрошоци
Претходен напис Забрана за камиони на Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан
Следен напис Укината забраната за камиони на Ѓавато
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?