Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Мавровско Езеро порибено со 460 килограми крап
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Мавровско Езеро порибено со 460 килограми крап
Агровести

Мавровско Езеро порибено со 460 килограми крап

Објавено 17/07/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Рибниот фонд во Мавровско Езеро во пресрет на Светското првенство во спортски риболов на крап, порибено е со нова количина риби. Од јавната установа Национален парк Маврово, информираат дека вчера во соработка со EDS Energy Delivery Solutions, е реализирано порибување на најголемата водна површина во паркот со 460 килограми крап.

– Оваа активност претставува значаен придонес кон зачувувањето и унапредувањето на рибниот фонд, како и кон одржливото управување со природните ресурси во паркот, наведуваат од НП „Маврово“.

Оттаму посочуваат дека ново порибување се реализира во пресрет на Светското првенство во спортски риболов на крап, кое ќе се одржи на Мавровското Езеро, а целта е да се збогати рибниот фонд и обезбедување подобри услови за развој на спортскиот риболов.

Од управата на НП „Маврово“ ги потсетуваат сите спортски риболовци дека крапот е под временска забрана за спортски риболов до завршувањето на Светското првенство.

– Апелираме до сите посетители да ги почитуваат донесените мерки, додека Службата за заштита на природата која работи во склоп на паркот спроведува засилени контроли на терен, се наведува во информацијата.

Од Национален парк „Маврово“ искажаа благодарност до EDS Energy Delivery Solutions за општествено одговорниот пристап и поддршката во зачувувањето на природното богатство на Мавровското Езеро.

Во две акции, пролетва, езерото беше порибено со над 4 тона крап.

Светското првенство во лов на крап на Мавровско Езеро – септември 2026 е еден од најголемите спортско-риболовни настани што некогаш ќе се одржат во Македонија. Според најавите првенството треба да се одржи од 2 до 5 септември.

МИА

Може да ви се допадне

Состојба на земјоделските култури во Република Македонија и агрометеоролошка прогноза за периодот после 16.07.2026 година
Делови од Горно Соње и Бардовци без струја
Делови од Гази Баба и повеќе улици во индустриската зона без вода
Министерот Серафимовски на средба со земјоделците од Чешиново – Облешево
ЕК одобри државна помош од 41 милион евра за грчките земјоделци
Таг:460 килограми крапмавровско езеропорибено
Претходен напис Делови од Горно Соње и Бардовци без струја
Следен напис Состојба на земјоделските култури во Република Македонија и агрометеоролошка прогноза за периодот после 16.07.2026 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?