Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Масовна посетеност на Третото зимско искачување 2020 на врвот Клепa, старт село Сирково!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > Масовна посетеност на Третото зимско искачување 2020 на врвот Клепa, старт село Сирково!
Рурален Развој

Масовна посетеност на Третото зимско искачување 2020 на врвот Клепa, старт село Сирково!

Објавено 09/02/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Масовна посетеност на Третото еднодневно традиционално зимско искачување 2020 на врвот Клепа (1150 мнв.), старт с.Сирково! Втора дестинација од патеката долга 18 км е с.Подлес, врв Клепа и цел манастир св.Архангел Миаил, информира градоначалникот на Градско – Роберт Бешовски.

Општина Градско во организација со општина Росоман, ЕГ Грин Пауер, Планинарски предизвик “12 врвови” и Планинарски дом Папрадиште на 09 февруари 2020 год. (Недела) организираат трето еднодневно традиционално зимско искачување на врвот Клепа (1150 мнв). Градоначалниците на општините Градско и Росоман за сите учесници ќе обезбедат бесплатен ручек, пијалок и десерт во конаците на манастирот Св. Архангел Михаил во близина на село Горно Чичево.
ЦЕЛТА на акцијата е да се промовира малку качуваниот врв Клепа, да се поттикне населението во овој реон за движење низ планина, како и да се манифестира соработка помеѓу планинарските клубови и друштва.
Се надеваме дека оваа година 2020та ќе има повеќе учесници од минатата на која зедоа учество над 500 планинари.

? Општина Градско ќе обезбеди превоз за Сите заинтересирани планинари од општина Градско кои сакаат да учествуваат на планинарскиот марш и треба да се пријават во општина Градско на тел. 043251522 или 078301900.
Тргнувањето ќе биде од Градско на плоштад (пред жито маркет) на 09.02.2020 во 08.30 до село Подлес. Враќање од манастир Св.Архангел Михаил во Градско околу 16ч.
? СТАРТ за учесниците од општина Градско е во 9.30 часот во селото Подлес и ќе се чека групата од правец Сирково и заедно се упатуваат према врв Клепа.

?‍♂️СТАРТ на турата и почетна точка на тргнување : 7.00 часот од центар на село Сирково (270 мнв).
Патеката започнува со одење по срт со благо искачување се до вештачкото Подлешко езеро (660 мнв) од каде продолжува по срт до врвот Клепа.
НАПОМЕНА : За оние кои не ќе можат да продолжат до врв, ќе биде обезбеден превоз од Подлес до манастир Св. Архангел.
Завршна точка: манастир Св. Архангел (410 мнв) (помеѓу Г. и Д. Чичево)
КРАЈ на турата : Mанастир Св. Архангел.
Должина на патеката: 18 км во обата правци.
Вкупно времетраење: 7 часа пешачење
Тежина на акцијата: средна.
Висинска разлика : 880 метри.
ЗАДОЛЖИТЕЛНО носење на 2 литри вода, повеќеслоеста облека, водоотпорна јакна (кабаница), разгазени зимски чевли, планинарски стапчиња, гамашни, шал, капа, ракавици, топли напитоци, челна ламба, два пара чорапи, наочари за сонце .

Може да ви се допадне

Општина Градско распиша јавен повик за пријавување на штети од мраз во земјоделството
Во Градско трибина во рамки на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“
Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Таг:бешовскиГрадскоискачувањеклепаРосоманСирково
Претходен напис (ВИДЕО) Гоце Митевски: Најголемиот дел од инвестициите во овошните насади ги реализирав со субвенции и ИПАРД
Следен напис Вечерва се доделуваат оскарите, „МЕДЕНА ЗЕМЈА“ со две номинации
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?