Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Масовен и мирен протест на земјоделците во Солун
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Масовен и мирен протест на земјоделците во Солун
Агровести

Масовен и мирен протест на земјоделците во Солун

Објавено 03/02/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Илјадници земјоделци од северна, централна и западна Грција денеска одржаа мирен и масовен протест во Солун пред објектот каде што се одржува саемот за земјоделство „Агротика“ и упатија порака дека нема да отстапат од нивните барања, јави дописничката на МИА од Атина.

Во Солун пристигнаа со автобуси од повеќе делови на земјата и им се придружија на оние кои од четвртокот се во градот каде што дојдоа со околу 300 трактори и остануваат паркирани пред еден од влезовите на саемот каде што ќе останат до утре, кога и завршува Агротика.

Земјоделците велат дека не се задоволни од владините мерки што вчера ги соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и најавуваат засилување на протестите, а денеска симболично во знак на протест пред саемот истурија корпи со јаболка и костени.

За вторник наутро, земјоделците од областа Тесалија што беше погодена од поплавите во септември минатата година, најавија состанок и ги повикаа сите нивни колеги да се соберат во близина на Лариса за да ги одредат следните чекори.

Грчкиот премиер вчера од Парламентот соопшти дополнителни мерки за поддршка на земјоделците, како што е враќање на специјалниот данок на потрошувачка на нафта и во 2024 година, како попуст од десет отсто на струјата за земјоделско производство.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:земјоделцитеМасовенмирен протестСолун
Претходен напис Германските земјоделци го попречуваат пристапот до аеродромот во Франкфурт
Следен напис Земјоделски инспекторат: Тутунарите да не прифаќаат усни најави, откупувачите да испратат писмени анекси за зголемени откупни цени на тутунот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?