Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Маслодајна“ ќе го откупи вкупното производство на сончоглед во земјава
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > „Маслодајна“ ќе го откупи вкупното производство на сончоглед во земјава
Пазари

„Маслодајна“ ќе го откупи вкупното производство на сончоглед во земјава

Објавено 26/09/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Фабриката за масло „Кристал 1923“ од Велес или поранешна „Маслодајна“ досега откупи 6.000 тони сончоглед од кои 1,4 од ЗК„Пелагонија“, а останатите од индивидуални земјоделски производители. Сончогледот од земјоделците фабриката го откупува по 35 денари за килограм, плус ДДВ.

„Кристал 1923“ најавува дека ќе ги откупи сите годинава произведени 10.000 тони сончоглед од македонските ниви.

-Задоволни сме од отупот. Фабриката за сите земјоделци со кои склучи договор за годинава им обезбеди семенски материјал. Бројките зборуваат за тоа колку е зголемено производството на домашен сончоглед од страна на индивидуални земјоделски производители. Им се заблагодарувам на земјоделците кои се одзваа на повикот за зголемено производство на храна во државата за да не зависиме од увоз. Се гледа дека тоа што компанијата вложуваше во кампањата, полека дава резултат. Се потрудивме да им дадеме добра откупна цена на земјоделците, тие сами ќе кажат дали се задоволни или не, рече денеска на прес-конференција извршниот директор и сопственик на фабриката Горанчо Лазов.

Според него, откупната цена од 567 евра по тон што тие им ја даваат на македонските земјоделци е највисока во регионот. Во Србија тон е 535 евра, во Грција 500 евра, во Бугарија 530 евра, во Романија 530 евра, а во Украина минимални 360 евра.

Со стимулативната цена на сончогледот, земјава, оцени Лазов, ќе ги задоволи сопствените потреби за масло за два месеца.

-Годинава просечниот принос од хектар е од 1,8 до 2.000 килограми, но во наредните години македонските земјоделци ќе го зголемат на 2,5 до 3.000 килограми. Со тоа „Кристал 1923“ ќе нема потреба од увоз на сончоглед бидејќи со овие количини ќе можеме да произведеме масло за јадење и да ги задоволиме потребите на домашниот пазар, рече Лазов.

Може да ви се допадне

Турција воведува квота за увоз на сончоглед и сончогледово масло
Планираната сеидба на сончоглед во Русија е на 10,9 милиони хектари
Белгискиот град Oденар бесплатно ќе дели семе од сончоглед за да го подобри имиџот на „Тоскана на северот“
Сончогледот станува „побезбедна“ опција за земјоделците
Цената на сончогледот во Украина достигнаа 630 долари/тон
Таг:маслодајнасончоглед
Претходен напис Стопанска комора: Сите други земји ги достигнаа бројките од 2019 година во туризмот, а ние сме сè уште далеку од нивото пред кризата
Следен напис Времето денеска облачно со дожд, грмежи и ветер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?