За овој рецепт може кратко да се каже – ред билки, ред маслиново масло и капка трпеливост. Сето тоа надополнето со една прошетка во ливада, чист воздух, малку берење и сето тоа ставено во тегла. Искусните домаќинки секогаш го правеле, а вeројатно сите сме се нашле во ситуација кога за нешто, некој ни го препорачал.
Уште од дамнешно време се верувало дека маслото од кантарион делува како природен антибиотик. Се користи и за масажи, а лековито делува и на желудникот.
Какао да направите домашно кантарионово масло?
Рецептот за домашно кантарионово масло се пренесувал од генерација на генерација. Тоа се прави многу едноставно. Жолтите кантарионови цветови со карактеристичен мирис, се берат и три четвртини од теглата се полнаи со нив, а потоа, ако е можно, врз него се става домашно маслиново масло, а може и некое друго. После тоа, теглата се затвора со капак и се остава на сонце 45 дена. Кога маслото добива специфична црвеникава боја, се филтрира преку газа, се става во шишиња и се чува на темно место.

Вака подготвеното масло, може да стои две години. Важно е цветовите да бидат собрани што е можно подалеку од патиштата. Тие се собираат од јуни до август, а понекогаш и подолго.
Антибиотик кој потекнува од природата
Маслото од кантарион не се користи за сончање, но ако во текот на сончањето се појават изгореници, може да се користи како прва помош во олеснување на непријатноста. Значително помага при изгореници, исекотини, чиреви, акни, лузни, хемороиди, проширени вени, но и ревматизам, воспаление на нервите и мускулите. Постои популарно верување дека кантарионот, исто така, помага при таканаречените женски проблеми, како што се воспаление на јајниците и појава на цисти, но помага и во регулирање на хормоните. Веќе долго време се верува дека маслото од кантарион делува како антибактериски лек од билната аптека. Исто така се користи за масажи, а има и корисен ефект за стомакот.

Еден стар рецепт вели: Капнете неколку капки масло од кантарион на коцка шеќер и ставете ја во устата.
Кантарионот често се спомнува како природен и здрав лек за депресија. Конзумирањето неколку капки, исто така, помага при вознемиреност.
И чајот од кантарион има лековито дејство
Сепак, посебно место зазема чајот, кој има корисен ефект врз нарушувањата на расположението во менопауза, депресија, несоница, менструална болка, но и при многу други заболувања. Чајот од сув кантарион најдобро е да се пие наутро пред јадење и навечер пред спиење. Важно е да се напомене, дека овие препораки се дадени од народот, а модерната медицина има различни правила. Сепак, многумина бараат помош во природата, а кантарионот високо котира на таа скала.
Извор: Агроклуб

Dali moze da se pravi kantarionovo maslo od suvi cvetovi.