Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Маричиќ во Ниш потпиша финансиска спогодба ИПА програма на ЕУ за прекугранична соработка со Србија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Маричиќ во Ниш потпиша финансиска спогодба ИПА програма на ЕУ за прекугранична соработка со Србија
Агровести

Маричиќ во Ниш потпиша финансиска спогодба ИПА програма на ЕУ за прекугранична соработка со Србија

Објавено 26/06/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска во Ниш со српската министерката за европски интеграции Тања Мишчевиќ и евроамбасадорот во Србија Емануел Жиофре, потпишаа трилатералната финансиска спогодба за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Србија и Европска Унија, јави дописникот на МИА од Белград.

ИПА Програмата за прекугранична соработка, која беше усвоена од Европската комисија на 3 јуни 2022 година, има вкупен буџет од 9,7 милиони евра, од кои 8,4 милиони евра се неповратни средства од ЕУ.

Маричиќ, заедно со неговата српска колешка Тања Мишчевиќ, ја потпишаа првата алокација од новата прекугранична соработка за 2021 и 2022 година, во вредност од 3,6 милиони евра.

– Со потпишувањето на оваа финансиска спогодба за прекугранична соработка на ИПА програмата од ЕУ практично отвараме можност за 850.000 граѓани од пограничниот регион, и од Северна Македонија и од Србија, за општините, за градовите и за граѓаните да искористат средства кои што би значеле конкретни проекти во неколку клучни области- вработување на младите, здравствена политика, социјална и културна вклученост и развој на туризмот што е многу важна гранка во нашиот регион. Ако ова го надополниме на проектите и иницијативата Отворен Балкан се дава една поцелосна слика на сите можности што ги нуди евроинтеграцијата и регионалните иницијативи, конкретно за граѓаните. Ние не сакаме процесот на евроинтеграција да се перцепира како некој комплициран бирократски процес во Брисел или само во Владата или Собранието, туку преку оваа можност за прекугранична соработка да ја приближиме ЕУ кон граѓаните и општините за да донесеме европски квалитет на живот, изјави Маричиќ по потпишувањето на ИПА Програмата за прекугранична соработка со Србија.

Средствата предвидени за реализација на прекуграничната соработка ќе опфатат два тематски приоритети и тоа социо-економски развој и развој на туризмот, во прекуграничниот регион во кој влегуваат областите Јабланица и Пчиња во Србија и Североисточниот регион и дел од Скопскиот регион во Северна Македонија.

-Ме радува потпишувањето на договорот на ИПА Програмата за прекугранична соработка со Северна Македонија и му благодарам на вицепремиерот Маричиќ што се препозна заедничкиот интерес граѓаните да го осетат ЕУ процесот, дека тој се случува во локалните самоуправи и е врзано за секој еден поединец, изјави српската министерка за европски интеграции Тања Мишчевиќ.

На потпишувањето на договорот министрите порачаа дека и покрај долгото чекање за почеток на преговорите и долгиот маратон на Србија на преговори со ЕУ, двете држави не се откажуваат од целта и од макотрпната работа на реформската агенда, за повеќе европски можности и унапредување на квалитетот на животот на граѓаните.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:еуИПАМаричиќНишсоработкаСрбија
Претходен напис МЖСПП: Одлуката за целосна забрана на пластични и оксобиоразградливи кеси ќе стапи во сила на 1 јули 2024 година
Следен напис Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?