Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Маричиќ: Регионот забрзано се интегрира во ЕУ, нашиот избор е да бидеме дел од проширувањето
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Маричиќ: Регионот забрзано се интегрира во ЕУ, нашиот избор е да бидеме дел од проширувањето
Агровести

Маричиќ: Регионот забрзано се интегрира во ЕУ, нашиот избор е да бидеме дел од проширувањето

Објавено 22/08/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ по средбите во Атина со високи претставници на ЕУ истакнал дека постои момент на решителност за ново проширување на Европската Унија и дека Северна Македонија не смее да ја пропушти оваа шанса и повторно да чека.

– Пораката е јасна, државите од Западен Балкан што поскоро да се најдат во Европската Унија. Како никогаш до сега, постои момент и решителност за ново проширување на Европската Унија. Сите се свесни дека Европската Унија, ниту Европа не можат да бидат обединети без секоја држава од Западен Балкан да стане членка во Европската Унија, вели Маричиќ, пренесува во соопштение владиниот Секретаријат за европски прашања (СЕП).

Маричиќ, кој заедно со премиерот Димитар Ковачевски беше во официјална посета на Атина, по повод одбележувањето на 20 години од одржувањето на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Солун и „Декларацијата од Солун“, во изјавата посочил дека на средбата со домаќинот, грчкиот премиер Мицотакис било потврдено цврстото сојузништво помеѓу Грција и Северна Македонија и дека заложбата е, како што сме заедно во НАТО, така треба да бидеме заедно и во Европската Унија.

На средбите со високи претставници на Европската Унија, се посочува во соопштението, Маричиќ рекол дека биле поздравени уставните амандмани, со повик тој процес успешно да заврши со зрелост, одговорност и поддршка од сите политички партии во Собранието.

– Нашиот пат кон Европската Унија е исцртан и тоа е тоа што граѓаните го сакаат. Наш е изборот, дали ќе ги направиме овие неопходни уставни измени и ќе тргнеме на патот кон Европската Унија и членство до 2030-та година или ќе останеме во чекалната, посочува Маричиќ.

Главниот преговарач со ЕУ Маричиќ, укажува дека чекањето е стратегија што ќе ја испразни државата од млади луѓе и ќе ја убие надежта, надежта за подобра и за европска иднина и затоа, како што вели тој,  не смееме да дозволиме и не смееме да одиме против волјата на најголем дел од граѓаните Северна Македонија да стане членка на Европската Унија што поскоро.

– Мораме да ја искористиме оваа шанса, и да продолжиме на патот кон брзо членство во Европската Унија. Тоа го сакаме, тоа и го заслужуваме, порачува Маричиќ.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:европска унијаеумаричиќмлади луѓе
Претходен напис Николовски: Нови три мерки во Интервентната програма за поддршка на производителите на пченица, јачмен и раноградинарски култури произведени под контролирани услови
Следен напис Италија одобри 40.000 дозволи за сезонски работници надвор од ЕУ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?