… Не многу одамна, некаде на југот од Балканот, си беа тројца пријатели Петар, Калин и Бобан и удобно си седеа во еден стар, традиционален и многу познат ресторан во Скопје. На масата пред овие тројца големи гурмани имаше богата трпеза со сè што едно гладно око може да посака: салати, предјадења, макала, сирења, неколку видови месо, ракија и вино. Целосно маѓепсани од различните макала како ајвар, лутеница, пинџур и сушени и сечкани пиперки, итн., …воопшто и да не беа свесни дека токму овие прекрасни јадења ќе ја предизвикаат гласната дискусија која следеше.
Одеднаш, изјавата на Петар ја прекина мирната и домашна атмосфера во ресторанот: „Ајварот е генијален, жими сè”. Само ајварот на мајка ми е подобар од овој!. Дали ова го кажа намерно или беше испровоциран од лутото пиперче, не знаеме, ама коцката беше фрлена!
Следен прозборе Бобан, кој со полна уста тврдеше дека неговата мајка додавала специјален зачин во ајварот и дека нејзиниот бил највкусен на целиот свет. Да не остане покус, Калин се обиде да ги убеди другарите дека тајната за вкусен ајвар не е во зачините, туку во љубовта со која неговата мајка го подготвувала.

Откако си кажаа што имаа и без некој заклучок, тројцата гурмани одлучија да прошетаат низ Македонија и да го најдат најдобриот домашен ајвар подготвен од мајки. Сакаа лично да го откријат тајниот рецепт на овој прекрасен традиционален деликатес.
Од град во град, од село во село, од куќа до куќа, по многу изминати километри и многу вкусени ајвари, тројцата другари конечно ја најдоа вистинската мајка, вистинскиот рецепт за кој сите го делеа истото мислење. Останатото е историја…
А, по 11 години, МАМА’С претставува спој на привлечни вкусови, проткаени со долгогодишна традиција и многу љубов. По повод роденденот, MAMA’S ги почести следбениците со интересна објава на фејсбук-профилот на компанијата.

„Не знаеме дали е до нашата имагинација или навистина времето „лета“!
Она со сигурност што го знаеме е дека оваа година MAMA’S го прославува својот 11-ти роденден со иста мисија, визија и ентузијазам уште од првиот ден – ширење на бескрајна љубов, неизмерна желба и непресушна гурманска страст за производство на 100% природни производи со премиум квалитет низ целиот свет.
Нашата роденденска желба е оваа приказна да стане незаменлив дел од трпезата на секој љубител на 100% природни, органски и локални производи со непроценлив квалитет ширум светот.
Денес, оваа наша заедничка приказна се раскажува, доживува и прераскажува во 47 земји низ светот, а имаме чувство како да сме на самиот старт од едно незаборавно патување.
Но, сепак ништо од ова немаше да биде возможно без Вашата најголема поддршка и најискрена критика. Вие сте највредниот и најубав роденденски поклон што можеме да го имаме.
Постоиме и дишеме само за Вас!
Со љубов, МАМА’С“

