Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Македонското земјоделство и руралниот развој се движат по вистинскиот, европски пат, потврди извештајот од ЕК
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Македонското земјоделство и руралниот развој се движат по вистинскиот, европски пат, потврди извештајот од ЕК
Агровести

Македонското земјоделство и руралниот развој се движат по вистинскиот, европски пат, потврди извештајот од ЕК

Објавено 10/11/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Годишниот извештај од Европската комисија за напредокот на Република Северна Македонија со позитивни отценки го окарактеризира патот по кој се движи македонското земјоделство и руралниот развој. Во рамки на истиот нотиран е напредок во сите области на земјоделството и руралниот развој, безбедноста на храната, фитосанитарната и ветеринарна политика и рибарството.

Како што стои во извештајот, Европската комисија позитивно ги отценува и подготовките на Акцискиот план 2021-2027 за Националната стратегија за земјоделство и рурален развој, вклучувајќи ги и мерките за финансиска поддршка од Националната програма за развој на земјоделството 2023-2027.

Донесениот закон за зоотехника во текот на известувачкиот период, новиот закон за советодавни услуги кој е во собраниска процедура, подготвените закони за земјоделство и уредување на пазарите, за органско производство и новиот закон за рибарство кој е во владина процедура како проевропски ориентирани закони исто така добија висока позитивна критика во најновиот извештај на Комисијата.

Во извештајот од ЕК јасно се констатира и добриот напредок во периодот во руралниот развој и искористеноста на средствата од ИПАРД 2 програмата, новата програма за школски шеми во училиштата и градинките, напредок во контрола на болеста кај животните, развиениот нов фитофармациски информативен систем, новото ортофото снимање.

Претставниците од Европската комисија, во извештајот и во областа на земјоделството и руралниот развој побараа што поскоро усвојување на блокираните закони во парламентот.

Сето ова е доказ за посветената работа и труд што ги вложуваме како министерство, но и мотив да продолжиме со уште позасилено темпо, сигурно кон европското семејство, соопштуваат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:вистинскиотевропски патизвештајот од ЕКМакедонското земјоделстворуралниот развој
Претходен напис Дизелот поевтинува за 2,5 денари
Следен напис Инвестирајте во откупен центар, набавете опрема или нова технологија за вашиот бизнис со грант од 1. 500 000 евра од ИПАРД
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?