Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Македонското еколошко друштво ќе спроведува европски проект за зачувување на кафеавата мечка во Динаро-Пиндскиот Регион
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Македонското еколошко друштво ќе спроведува европски проект за зачувување на кафеавата мечка во Динаро-Пиндскиот Регион
Агровести

Македонското еколошко друштво ќе спроведува европски проект за зачувување на кафеавата мечка во Динаро-Пиндскиот Регион

Објавено 28/04/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Прекуграничното управување и зачувување на динаро-пиндската популација на кафеавата мечка е главната цел на новиот европски проект LIFE DinPin Bear (LIFE24-NAT-DE-LIFE DinPin Bear/101214048), којшто до 2031 година ќе го спроведуваат девет европски држави, вклучително и Македонија, под водство и координација на германската организација „ЕуроНатур“.

Во рамки на проектот, претставници на Македонско еколошко друштво (МЕД) и Министерство за животна средина и просторно планирање учествуваа на првата проектна средба во Будва, Црна Гора заедно со околу 50 претставници од 21 партнерска организација.

Динаро-пиндската популација на кафеавата мечка (Ursus arctos) се протега низ деветте земји учеснички на проектот: Албанија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Грција, Косово, Хрватска, Црна Гора, Србија и Словенија. Со околу 4000 единки, оваа е најголемата популација на мечки во Европа, поради што нејзиното зачувување е истовремено и голем предизвик и голема неопходност.

-Преку научен пристап и методологија, за првпат ќе се направи мониторинг на кафеавата мечка во Македонија, што ќе придонесе кон зачувување на нејзината екологија. Овој проект ќе ни овозможи да добиеме одговори на повеќе прашања за нејзините живеалишта, популација и улога во екосистемот, вклучително и на прашањето колку мечки воопшто живеат во македонските шуми- објаснува Александар Стојанов, координатор на проектот во МЕД.

Кафеавите мечки отсекогаш биле прогонувани, иако ги избегнуваат луѓето. Како најголеми сештојади на континентот, тие имаат клучна улога во нивниот екосистем: ги регулираат биодиверзитетот, структурата на живеалиштата и циклусите на хранливите материи. Хрватска, Словенија и Грција досега имаат спроведено успешни практики за зачувување и закрепнување на популацијата на мечката, но нејзината долгогодишна одржливост е доведена во прашање поради конфликтите меѓу човекот и мечката и загрозените живеалишта.

Проектот, кој е кофинансиран од програмата LIFE на Европската Унија, ќе се фокусира на креирање на неопходните правни, управувачки и социо-економски услови за да се осигура зачувувањето на популацијата на кафеавата мечка долж Динаро-Пиндскиот планински масив.

Во пракса, како што се наведува во соопштението од МЕД, ова значи дека ќе се пополнат празнините во управувањето со мечката во земјите кои не се дел од ЕУ и ќе се обезбеди координирано прекугранично управување на популациско ниво.

Проектот е замислен како мултидисциплинарно партнерство меѓу универзитети и истражувачки институции, национални и локални власти и невладини организации од областа на екологијата и животната средина, а секоја земја ќе учествува со претставници од една владина институција и една невладина организација.

Фото: МЕД

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:европски проекткафеавата мечкаМакедонското еколошко друштво
Претходен напис Пожари во Ваксинце и Арбанашко, опожарени околу дваесетина хектари шума
Следен напис МФ: Речиси три милиони евра нова транша од Буџетот за поддршка на домашните компании, досега пласирани над 227 милиони евра
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?