Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Македонско најдобро“ – кампања за купување домашни земјоделски производи и преработки
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > „Македонско најдобро“ – кампања за купување домашни земјоделски производи и преработки
Агровести

„Македонско најдобро“ – кампања за купување домашни земјоделски производи и преработки

Објавено 05/07/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Да се подигне свеста кај потрошувачите за важноста од купувањето домашни земјоделски производи и преработки со што ќе се поддржат земјоделците, преработувачите и домашната економија, е целта на новата кампања што ја најавува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Кампањата ќе биде насловена „Македонско најдобро“ и, како што вели ресорниот министер Цветан Трипуновски, предвидува новина – воспоставување платформа за лесен пристап до информации за производителите и продавачите на земјоделски производи, како и за подобра евиденција на земјоделското производство во земјава.

-Изминатите месеци работевме на еден проект со кој сакаме да поттикнеме купување домашни македонски земјоделски производи и преработки. Кампањата би се викала „Македонско најдобро“, а во текот на наредните десетина дена ќе има и официјална презентација. Ќе ги промовираме целите и сите аспекти кои планираме да се спроведат и да се постигнат, нагласува Трипуновски.

Според него, суштината е да се поттикне купувањето македонски земјоделски производи.

-Она што е суштината, сржта на оваа кампања, е да ја подигнеме свеста кај македонскиот потрошувач дека со купувањето на македонските земјоделски производи и преработки всушност му помагаме, пред се, на оној што го произведува тој производ. Тоа е почитуваниот земјоделец кој упорно работи на полињата за да произведе и да имаме доволно храна. Со купувањето на кој било земјоделски производ, ја помагаме и домашната економија, ги помагаме сите преработувачи кои учествуваат во секторот, истакнува министерот.

Во предвидената платформа, објаснува, ќе бидат регистрирани сите земјоделски производители по тип на производство. Регистрирани ќе бидат и сите маркети и преработувачи на земјоделски производи.

-Новина е воведувањето платформа што ќе овозможи поврзување на производители, преработувачи и потрошувачи, со цел полесен пристап до домашни земјоделски производи и подобра евиденција на производството. Секој граѓанин со еден клик ќе може да си избере тип на производ што сака да го купи, да види каде се продава. Ќе имаме база на податоци што ќе значи целокупна евиденција на целокупното земјоделско производство во државата, потенцира Трипуновски.

Тој подвлекува дека со секое купување на кој било земјоделски производ, директно ги помагаме домашната економија, селата и земјоделците. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:земјоделски производикампањаМакедонско најдобропреработки
Претходен напис Зголемен интензитетот на сообраќај, на „Табановце“ и „Богородица“ се чека до 40 минути
Следен напис Раст на извозот од 3.2 % во првите пет месеци, само во мај зголемен за 23.44 %
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?