Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Македонски винарии го најавија Денот на станушината 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Македонски винарии го најавија Денот на станушината 
Агровести

Македонски винарии го најавија Денот на станушината 

Објавено 04/05/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„Македонски семејни винарии” го најавија Денот на станушината, информирајќи дека станува збор за  најголемиот вински настан на ова здружение, на кој ќе се дегустира единствената македонска автохтона сорта, а ќе има и предавања од еминентни домашни и светски познавачи на виното, дегустација на над 35 различни етикети на вино со добра музика и македонска храна.

– Со законските олеснувања од пред пет години, како и со грантовите за поддршка на фамилијарните бизниси во лозаропроизводството, расте бројот на малите семејни винарии, како македонски вински амбасадори во светот, информираа од здружението со седиште во Кавадарци. 

Притоа се осврнаа и на многубројните награди за квалитет што ги освојуваат винариите членки на здружението, во земјава и надвор од неа.

Манифестацијата ќе се одржи на 10 мај во Кавадарци и на 11 мај во Скопје. 

–  Станува збор за единствената автохтона македонска сорта на грозје. Нашето македонско девојче, како што сите ние го нарекуваме, сакаме да го издигнеме на едно повисоко и достоинствено ниво, нагласија од здружението. 

Притоа беа децидни дека иако оваа сорта на грозје е малку застапена, со децении назад од неа се прави квалитетно вино. 

-Во рамките на здружението, има семејни винарии што ја негуваат оваа сорта. Од страна на семејните винарии, виното од автохтоната сорта се продава под различни имиња, информираа од здружението.

МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:Денот на станушинатаМакедонски винарии
Претходен напис Водостопанство ,,Тиквеш” со апел за совесност при користењето на водата за наводнување 
Следен напис Претпладне сончево и топло, попладне краткотраен дожд и ретки грмежи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?