Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Македонска Каменица презема интензивни мерки за превенција од потенцијални штети предизвикани од најавените обилни врнежи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Македонска Каменица презема интензивни мерки за превенција од потенцијални штети предизвикани од најавените обилни врнежи
АгровестиАгропрогноза

Македонска Каменица презема интензивни мерки за превенција од потенцијални штети предизвикани од најавените обилни врнежи

Објавено 17/09/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во насока на заштита на населението и имотите на граѓаните, од потенцијални штетни последици предизвикани со најавените обилни врнежи, Општина Македонска Каменица преку активностите на Јавното претпријатие Камена Река, презема редица на интензивни мерки за превенција.
 
– Темелното чистење на сите отворени канали за собирање на атмосферски води е една од клучните мерки за спречување на поплави. Нивната функционалност овозможува непречено одводување на поголеми количини на вода и спречува создавање на поголеми атмосферски талози при поројни дождови, изјавил градоначалникот Димчо Атанасовски, соопштија денеска од Општина Македонска Каменица.

Тој упатил апел до сите граѓани на Македонска Каменица да бидат внимателни, да не одложуваат градежен шут и отпад во системите за одводнување и во регулираните суводолици на целата територија на општината. 
 
– Заеднички, со превенција и со одговорно проактивно однесување, можеме да се заштитиме и да ги минимизираме ризиците од временските непогоди, се наведува во соопштението. 
 
Јавното претпријатие Камена Река, како реализатор на овие проактивни политики на општина Македонска Каменица за заштита и спречување на штети, во соопштение посочува дека вработените во јавното претпријатие успешно ги вршат активностите за чистење на отворените канали за собирање на атмосферски води и дека ќе продолжат со своите активности за одржување на инфраструктурата и обезбедување на безбедни услови за граѓаните. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме
Таг:Македонска каменицамеркиобилни врнежипревенција
Претходен напис Отпорноста на антибиотици може да убие повеќе од 39 милиони луѓе до 2050 година, предупредува нова студија
Следен напис Се бара решение за есенската потрошувачка кошница
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?