Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Македонска берза одбележува јубилеј – 30 години од првиот ден на организирано тргување со хартии од вредност
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Македонска берза одбележува јубилеј – 30 години од првиот ден на организирано тргување со хартии од вредност
Агровести

Македонска берза одбележува јубилеј – 30 години од првиот ден на организирано тргување со хартии од вредност

Објавено 31/03/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Македонска берза АД Скопје денеска одбележува јубилеј – 30 години од првиот ден на организирано тргување со хартии од вредност во Република Северна Македонија.

По повод јубилејот, Македонска берза АД Скопје во хотелот „Мериот“ во Скопје организира вечера посветена на три децении развој на пазарот на капитал, партнерства и заеднички достигнувања  

Мисија на Берзата е да обезбеди ефикасно, транспарентно и сигурно функционирање на организираниот секундарен пазар на хартии од вредност во Република Македонија, преку перманентно настојување на сите инвеститори да им обезбеди влез, односно излез од финансиските инструменти со кои се тргува на различните берзански пазари по фер пазарна цена, да им помогне на трговските друштва да привлечат нов капитал за финансирање на нивниот развој и да придонесе за градење доверба во македонскиот пазар на хартии од вредност.

Основачкото Собрание на Македонска берза АД Скопје е одржано на 13 септември 1995 година, а на 28 март 1996 година, во Република Македонија за прв пат заѕвони берзанското ѕвоно и се одржа првиот ден на тргување на Берзата. 

Почетокот на работата на Берзата го означи тогашниот Претседател на Република Македонија, Глигоров. На Берзата се тргуваше два пати во неделата, во вторник и четврток. 

На 16 октомври 1996 година, Македонска берза беше примена како полноправна членка на Федерацијата на Евроазиски берзи. Во историјата ќе остане запишано дека Македонска берза АД Скопје ја основаа 19 правни лица, од кои 13 банки, 3 осигурителни друштва и 3 штедилници.

МИА

Може да ви се допадне

ЈУ Национален парк „Пелистер“: Целосно изгаснат пожарот на Пелистер
Ангелов: Тежок пожар во атарот на селата Локов и Буринец, Струшко, драматично и во општина Боговиње, каде пожарникарите спречиле огнот да дојде до селото Јеловјане
Русија воведе дигитална рубља
Препораки на ИЈЗ за училиштата: „Здрави ученици – здрава иднина!“
ЦУК: Активни два пожара на отворен простор, четири ставени под контрола
Таг:вредностјубилејМакедонска берзатргување
Претходен напис Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Следен напис Отворен ден со Царинската управа на Градскиот плоштад во Гевгелија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?