Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Македонија четири пати под стандардот на ЕУ – со ова темпо ќе бидеме „европски“ граѓани за 70 години
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Македонија четири пати под стандардот на ЕУ – со ова темпо ќе бидеме „европски“ граѓани за 70 години
Агровести

Македонија четири пати под стандардот на ЕУ – со ова темпо ќе бидеме „европски“ граѓани за 70 години

Последна измена: 12/05/2025 08:54
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Северна Македонија се наоѓа на четири пати пониско ниво на БДП по глава на жител споредено со Европската Унија – и дури и со оптимистично темпо на раст, ќе ѝ бидат потребни децении за да го достигне европскиот стандард. Ова е една од главните пораки од најновиот извештај на Светска банка „Поголеми височини – Раст кон високи приходи во Европа и Централна Азија“, презентиран во Скопје.

„Доколку земеме предвид дека просекот во ЕУ е околу 36.000 долари, а Северна Македонија е на 8.000 до 9.000, за израмнување ќе биде потребно зголемување од четири пати. Ако растот е брз, тоа може да се случи за 30–40 години. Ако е бавен, како досега, ќе треба и до 70 години“, предупреди Иваило Изворски, главен економист на Светска банка за Европа и Централна Азија.

За да се намали овој јаз, земјата мора сериозно да се посвети на три клучни области:

Образование со квалитет и практични вештини,

Поттикнување на конкуренција и подобрување на деловното окружување,

Поголема енергетска ефикасност и намалување на трошоците.

Изворски предупреди дека образованието во регионот заостанува – младите минуваат три до четири години помалку во учење отколку нивните врсници во Источна Азија, и често излегуваат од образовниот систем со недоволно практични знаења.

Дополнително, бизнисите се соочуваат со слаба конкуренција и ограничен пристап до ресурси, што го кочи растот на новите компании. „Ако новите фирми не можат да растат брзо, нема кој да го повлече економскиот раст“, вели Изворски.

На енергетски план, Македонија троши трипати повеќе енергија по единица БДП отколку земјите од ЕУ, иако троши помалку по човек. Подобра енергетска ефикасност би значела помали сметки за граѓаните и помалку потреба од државни субвенции.

И покрај ова, Владата е оптимист. Премиерот Христијан Мицкоски најави нова странска инвестиција и постави цел: БДП по глава на жител да достигне 10.500 долари.

„Минатата година беше рекордна – над 1,2 милијарди евра странски инвестиции. Сега целиме кон БДП над 20 милијарди долари и намалување на јавниот долг под 50%“, изјави тој.

Но од извештајот на Светска банка е јасно: без длабоки системски реформи, европскиот стандард ќе остане само далечна цел.

Извор: Рацин.мк

Може да ви се допадне

Просечната нето плата во април 45.452 денари
Повторно поскапува дизелот
Минималните трошоци во јуни зголемени за 790 денари, кај храната зголемување од 733 денари
Во мај годишен раст од 12,2 проценти на вкупните депозити и од 12,1 процент на вкупната кредитна поддршка
Народна банка: Макроекономската слика за економијата не е значително променета во споредба со октомвриските проекции
Таг:70 годиниевропскиЕУМакедонијапод стандардот
Претходен напис Самит Македонија 2025: Изнаоѓање решенија за економски конкурентна држава која ќе биде дел од Европа
Следен напис Започнува изработката на Студијата за валоризација на природните вредности на масивот Јабланица
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?