Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Магнамехатроникс“ ќе инвестира 40 милиони евра во ТИРЗ Штип и ќе отвори 600 работни места
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > „Магнамехатроникс“ ќе инвестира 40 милиони евра во ТИРЗ Штип и ќе отвори 600 работни места
Агровести

„Магнамехатроникс“ ќе инвестира 40 милиони евра во ТИРЗ Штип и ќе отвори 600 работни места

Последна измена: 13/01/2023 12:16
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Во Технолошко-индустриската развоја зона во Штип ќе се отвори нова фабрика, инвестиција на компанијата „Магнамехатроникс“ која дизајнира, развива и произведува автомобилски системи, модули и компоненти. Ова е прва инвестиција во државава годинава, од околу 40 милиони евра, а според деловниот план, предвидени се најмалку 600 работни места.

Според премиерот Димитар Ковачевски, трендот се повеќе странски компании да отвораат свои фабрики овде во земјава е од голема помош и тоа ќе донесе економски раст и напредок на земјата, раст на платите и пензиите, а сето тоа позитивно ќе се одрази на квалитетот на животот на граѓаните.

-Компанија која дизајнира, развива и произведува автомобилски системи, модули и компоненти кои се испорачуваат на сите најзначајни производители на автомовили во светот оствари стабилен раст на европскиот пазар и се појави потреба од нова фабрика на една од деветте групации. Спроведеното истражување на потенцијални локации за отворање на нова фабрика во Европа опфати повеќе држави, но компанијата одлучи за инвестирање и отворање фабрика да ја избере Северна Македонија, на понуденоата локација во Технолошко-индустриската развоја зона во Штип, рече Ковачевски на денешната прес-конференција.

Премиерот информираше дека по отворањето на фабрика во ТИРЗ Струга, за производство  на ретровизори и други технолошки продукти за автомобилската индустрија, каде според бизнис планот на компанијата ќе се вработат илјада луѓе, во ТИРЗ Штип компанијата ќе отвори нова фабрика каде производстовото се планира да започне годинава, а сериското производство ќе започне во првата половина од 2024 година.

-Вака се создаваат просперитетни услови во државата, не со зборови, не со политички пораки, не со надмудрување, туку со многу работа, решителни одлуки и визија. Нема поголем влог во државата од тоа младиот кадар своето знаење и труд да го инвестира во сопствената земја и да биде движечка сила за напредокот на државата. Таа можност им ја должиме на младите генерации и по секоја цена ќе ја оствариме. Нашите граѓани заслужуваат европски услови за работа и европски плати, додаде Ковачевски.

Директорот на Дирекцијата за Технолошки-индустриски развојни зони Јован Деспотовски рече дека во завршна фаза на разговори се повеќе крупни инвестициски проекти, за кои ќе информираат следните недели.

Според деловниот план, како што посочи, инвестицијата во ТИРЗ Штип предвидува најмалку 600 работни места, а Деспотовски очекува бројката да биде поголема.

Како што рече, локацијата во Штип беше избрана за да се поттикне поумерен регионален развој бидејќи, напомена, бенефитите од странските инвестиции не се исклучива привилегија на граѓаните на главниот град, туку треба да бидат достапни за сите. 

Може да ви се допадне

АХВ: Немаме надлежност за постапување при заштита на здравje при работа и издавање HACCP елаборати
Најпаметно ќе биде ако со британскиот заем се инвестира во Чебрен, велат експертите
Фити: За цените на прехранбените производи да се делува со индиректни мерки, конфликтот меѓу Иран и Израел ќе има импликации ако продолжи
Цените на нафтата близу петмесечниот максимум поради тензиите на Блискиот Исток
Прв ЕУ-МК Саем за одржлив локален развој и вмрежување
Таг:МагнамехатрониксТИРЗ Штип
Претходен напис Почна бербата и откупот на лутите пиперки во Струмичко
Следен напис Одземено бесправно исечено огревно дрво
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?