Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: М-р Тони Јанковски во „Бизнис-клуб“: Инфраструктурата е крвотокот на државата, а практичната обука темел за создавање стручен кадар
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > М-р Тони Јанковски во „Бизнис-клуб“: Инфраструктурата е крвотокот на државата, а практичната обука темел за создавање стручен кадар
Агровести

М-р Тони Јанковски во „Бизнис-клуб“: Инфраструктурата е крвотокот на државата, а практичната обука темел за создавање стручен кадар

Објавено 13/11/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб“ со Бранко Азески гостин е м-р Тони Јанковски, директор за развој на производи и иновации во „Дајнерс клуб Македонија“ Скопје. Тема на разговор во поткастот се образованието, создавањето поволна бизнис-клима, дигитализацијата на процесите и значењето на спортот.

Своето професионално искуство Јанковски го започнал како практикант во Секторот за менаџмент на франшизи во „Discover financial services“ во Лондон, а потоа работел во ревизорската куќа „Дилојте“ во Скопје како виш аналитичар во секторот Ревизија. Подоцна ја основал и управувал со „Ihde Dental Macedonia“, каде што бил одговорен за продажба, финансии, сметководство, за логистика, маркетинг и за организација на настани. Денес е директор за развој на производи и иновации во „Дајнерс клуб Македонија“, каде што игра клучна улога во трансформацијата на брендот преку дигитализација и иновативни решенија.

Дипломирал на Универзитетот „Бокони“ во Милано, на студиите по меѓународна економија, менаџмент и финансии, а постдипломските студии ги завршил на Бизнис-правниот факултет „Есаде“ во Барселона, Шпанија, насока Вреднување на финансиските средства. Имајќи можност да ги види образовните системи во двете земји, Италија и Шпанија, Јанковски истакнува дека образованието во Македонија не ги следи современите трендови и не нуди доволно практична обука во реалниот сектор и учење практични вештини, ниту, пак, искористување на вештините веднаш по завршувањето на образованието. Посебно потенцираше дека на факултетите каде што студирал дел од професорите доаѓаат од реалниот сектор.

„Апсолутно е потребна практична работа. Теоријата треба да е застапена со 20 до 30 % во програмите, но акцентот мора да биде ставен врз практичната обука, учењето вештини и врз непосредната соработка со реалниот сектор. Фирмите треба да се отворат спрема образовните институции за да се искористи квалитетниот кадар“, истакна тој.

Во врска со дуалното образование, за чие воведување Комората многу вложила, и со практичната обука во високото образование, на која работи сега, м-р Јанковски нагласи дека промена е неопходна и дека ќе донесе разлика, но ефектите мора да бидат видливи.

„Мора да се спроведе реформа, но постојано мора да се усогласува со модерните текови на пазарот на трудот, кои треба да ги следи образованието. Потребен е  вистински спој меѓу едукацијата и потребите на компаниите од таков кадар“, додаде Јанковски.

Во продолжение на поткастот тој зборуваше заинфраструктурата и за дигитализацијата на процесите. Според него, инфраструктурата е крвотокот на една држава. За да има брз проток на добра и услуги и транзит на луѓе, потребни се модерни патишта и железница и нивна поврзаност, како и брз интернет за комуникација.

Покрај професионалното искуство, Тони Јанковски бил и професионален пливач за македонската репрезентација (од 2005 до 2012 година). Настапувал на Европското првенство за јуниори во Чешка (2009 година) и на Светските универзитетски игри во Кина (2011 година) и е повеќекратен државен шампион и рекордер.

За него спортот претставува битен столб на државата, како и образованието.

„Спортот значи одговорност, редовност и почитување. Државите кои имаат функционален спортски систем имаат добра, здрава младина, а тоа значи и подготвена работна сила“, додаде Јанковски.  

Стопанска комора

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:Бизнис-клубкрвотокотМ-р Тони Јанковскистручен кадар
Претходен напис Николоски: Градежништвото и транспортот растат, крупните проекти одлично се работат, фокус ни се малите и средни градежни компании
Следен напис Трипуновски: Со пуштање на електронската испратница, започнува дигитализацијата на македонскиот шумарски сектор
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?