Во близина на центарот на Св Николе во тесно сокаче се наоѓа работилницата на казанџијата Дејан Менчев.
Тој изработува казани и други предмети од бакар.
Со гордост ни раскажа за наследството што го добил од неговиот дедо и татко, а тоа е занаетот за изработка на казани за ракија.
Вели дека многу млад почнал да се интересира и да навлегува во тајните на занаетот, а има желба и неговите деца да ја продолжат традицијата. Казанџискиот занает на Балканот и во Македонија постои повеќе од пет века и е еден од најстарите занаети на овие простори.
Навистина сме среќни што има луѓе како Менчев кои се грижат за семејното и културно наследство во Македонија, напиша на социјалните мрежи директорката на управата за јавни приходи Сања Лукаревска.
