Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Лозари реагираат дека гроздоберот почна и дека винарии склучувале договори без да се знаат цени за грозјето
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Лозари реагираат дека гроздоберот почна и дека винарии склучувале договори без да се знаат цени за грозјето
Агровести

Лозари реагираат дека гроздоберот почна и дека винарии склучувале договори без да се знаат цени за грозјето

Објавено 20/08/2021
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Лозари реагираат дека гроздоберот почна и дека винарии склучувале договори без да се знаат цени за грозјето. Ова денеска на прес- конференција го истакнаа од регионалното здружение „Тиквешки лозароовоштари“.

Диме Соколов, кој има триесет декари лозје на суво, рече дека сушата е катастрофална за лозјата, а суша има на секои две-три години. Се пожали дека лозарите во вакви услови немаат пари да ги покријат своите трошоци за производство, но и за живот. Тој нагласи дека поради тоа се напуштаат лозови насади, а напуштените стануваат потенцијална опасност за настанување на пожари.

Соколов рече дека лоша е ситуацијата и со лозјата под систем за наводнување бидејќи системите не биле одржувани.

-Водата, според нас, прво ја нема, а и кога ја има е скапа, па излегува дека наводнувањето како да е со кока-кола, дециден беше Соколов.

Претседателот на Здружението, Дане Јошев рече дека реалната цена за килограм грозје е 18 денари за „смедеревка“ и 20 за „вранец“, а винарии со години нуделе многу помалку при откупот.
Јошев информираше дека ќе бараат обесштетување поради сушата. Да се формираат комисии кои ќе извршат проценки на штетите.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Без струја делови од Бутел
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена
Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Таг:лозаритиквешки лозароовоштари
Претходен напис Европски совет за туризам и трговија: Крушево стана центар на развој на туризмот и меѓународна препознатливост
Следен напис АД Водостопанство го ДЕМАНТИРА здружението „Напредни лозари“: Изјавите се неточни, невистинити, неаргументирани и не одговараат на фактичката состојба
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?