Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Лозари и овоштари од Кавадарци и Ваташа бараат надминување на проблемите со линии за наводнување 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Лозари и овоштари од Кавадарци и Ваташа бараат надминување на проблемите со линии за наводнување 
Агровести

Лозари и овоштари од Кавадарци и Ваташа бараат надминување на проблемите со линии за наводнување 

Објавено 02/12/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Лозари и овоштари од Кавадарци и Ваташа бараат надминување на проблемите со линии за наводнување на земјоделски површини, информираше денеска Дане Јошев, претседател на регионалното здружение „Тиквешки лозароовоштари“. Тие писмено се обратиле и до АД „Водостопанство“, подружница „Тиквеш“. Станува збор за корисници на линиите К1-Бошава и К2-Бошава. 

– К1 линијата што врши дотур на вода до пумпната станица Вашата е неупотреблива од 2018 година, ништо не е преземено. Затоа пак, земјоделците чекаат вода за поливање од преливните базени на ЈП Комуналец – Кавадарци, во мала количина. Водата оди под слободен пат, а се фактурира како под пумпи, што е незаконски. Затоа треба веднаш да се намалат фактурите по цена – 731 од декар + 5% ДДВ. А за понатаму, во 2024 година, линијата во Ваташа во должина од 850 метри да се направи, пумпите да преработат, да се постават водомери на линиите на корисниците и на базенот кај Југокомерц да се мери влез на водата, а со тоа водокорисниците да бидат правилно задолжени и задоволни, а не како досега на штета на земјоделците, пишуваат од Здружението. 

Оттаму додаваат дека „К2 линијата нема вода од 2021 година“.

– До денес, освен по два-три дена во сезоната. Затоа, потребно е итно санирање на проблемот и прочистување, за непречена фунцкионалност во наредните години, се вели во писмото реакција на здружението на лозароовоштари.

МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:Ваташакавадарцилозаринаводнувањеовоштарипроблемите
Претходен напис Индустриското производство во октомври зголемено за 9,9 отсто
Следен напис Управата за јавни приходи го одбележа Денот на даночните работници
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?