Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Лозари го блокираа патот Кавадарци – Неготино, бараат подобри услови за лозаропроизводство 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Лозари го блокираа патот Кавадарци – Неготино, бараат подобри услови за лозаропроизводство 
Агровести

Лозари го блокираа патот Кавадарци – Неготино, бараат подобри услови за лозаропроизводство 

Објавено 11/10/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Лозари денеска го блокираа патот Кавадарци – Неготино, кај месноста „Ило Виларов”, барајќи подобри услови за лозаропроизводство. Тие рекоа дека преку мирен протест бараат да се слушне нивниот глас и да ја изразат својата разочараност, од, како што рекоа, лошата гроздоберска сезона. 

Се пропуштаат итните случаеви. Полицијата е присутна на лице место, а сите што тргнале во овој дел на државата, се пренасочуваат да се движат преку Росоман.

– Поради ниската откупна цена на винското грозје, берба 2023, бараме интервентна мерка од пет денари по килограм грозје помош од државата за откупеното грозје, продадено во винарија или откупен пункт. Исплата на субвенциите за одржување на лозов насад по старо, 40.000 денари до хектар и 48.000 денари над хектар. Прогласување на елементарна непогода од болеста пламеница, која беше предизвикана од постојаните врнежи на дожд во месеците мај и јуни, со што родот е намален за повеќе од 50 проценти, бараме обесштетување од државата, соопштија лозарите на протестот. 

Рекоа дека не се задоволни со цените за килограм грозје бидејќи тие не ги покривале ниту нивните производствени трошоци.  Тие додадоа дека само со подобри услови, ќе се задржи лозаропроизводството. 

На блокадата беше кажано дека се бара и повлекување на одлуката за задолжително осигурување на земјоделски култури, исплата на средствата за елементарна непогода од суша за 2021 година за лозарите и овоштарите и исплата на средствата за елементарна непогода од невреме град, во неготинскиот регион за 2022 година. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:блокирааКавадарцилозарилозаропроизводствонеготино
Претходен напис ЦУК: Активни пет пожари, вчера регистрирани 37
Следен напис МЗШВ: Ниту еден лозар нема да биде оставен сам, обезбедена поддршка за прозиведеното винско и трпезно грозје
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?