Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ловечката федерација на Македонија одбележува 79 години од формирањето
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ловечката федерација на Македонија одбележува 79 години од формирањето
Агровести

Ловечката федерација на Македонија одбележува 79 години од формирањето

Објавено 26/04/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ловечката федерација на Македонија одбележува 79 години од своето постоење. Со свечена академија во реновираната сала на Општина Штип и изложба на ловечки експонати синоќа  почна одбележувањето на јубилејот, а денеска членовите на ловечките здруженија кои се дел од федерацијата продолжуваат со низа на активности на терен.

На свечената академија присуствуваа и министрите за внатрешни работи и за земјоделство, шумарство и водостопанство, Панче Тошковски и Цветан Трипуновски. Претседателот на Ловечката федерација, Влатко Алексовски истакна дека првпат организираат Денови на македонското ловство, а Штип е избран бидејќи е град кој е пристапен од сите страни и, како што рече, има  успешен градоначалник и ловечкото здружение „Ловец“ од Штип е едно од најголемите во рамки на Ловечката федерација.

-Од денот на формирањето до денес поминал голем период, исполнет со многу турболенции и падови, но она што поминало, поминало и сега е битно што ќе се случува во иднина и сега. Еден од поголемите проблеми е што поголем број на ловишта се без корисник и се оставени на милост и немилост на ловокрадците, ние со министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство сме во постојано комуникација за разрешување на овој период, вели Алексовски.

Тој посочи дека во тек се измените на Законот за дивеч и ловство, со цел да се подобри самиот закон и се надева дека за десеттина дена ќе бидат изгласани од страна на македонските пратеници, по што ресорното министерство ќе распише оглас и сите ловишта кои се без концесија ќе бидат доделени на ловечки здруженија.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трипуновски изјави дека манифестацијата по повод 79 години од формирањето на Ловечката федерација ја поддржуваат и финансиски со 600.000 денари.

-Во делот на македонското ловство знаете дека сериозно работевме заедно со Ловечката федерација, во делот на измена на законот за ловство, со коишто се олеснуваат дел од процедурите и се допрецизираат некои работи, кои за жал во минатото не биле дефинирани. Законот е во собраниска процедура и очекувам наредните недела до две да помине и веќе ќе има можност да се објават и оние повици за ловиштата низ Македонија, а се со цел да ги ставиме во полна функција, рече Трипуновски.

Министерот за внатрешни работи Тошковски напиша дека како министер максимално ќе се заложи за унапредување на соработката меѓу МВР и Ловечката федерација.

-Огромно беше задоволството да се биде меѓу ловците. Луѓе домаќини, луѓе кои си ја сакаат државата и ја негуваат природата. Нивната пасија кон ловството е неопислива. Како што и претходно информиравме, а за кое и добивме признание од Ловечката федерација, воведовме електронско аплицирање за издавање на одобренија за набавка на оружје, во моментов работиме на решение за овозможување на полагање стручен испит, а во иднина ќе излеземе и со нов Закон за оружје за кој претходно ќе отвориме јавна дебата и ќе бидат консултирани сите засегнати страни, вели Тошковски.

На свечената академија синоќа беа доделени плакети и признанија на Здруженија и личности кои имаат придонесено за развојот на ловството.

МИА

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:79 годиниЛовечката федерацијаформирањето
Претходен напис Сообраќајот се одвива непречено, по наместа влажни коловози
Следен напис НАЈК ПРОМ ДООЕЛ: Висококвалитетни Расадосеалки од полскиот производител AGRO-OSEK
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?