Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Лоша сезона за берачите на печурки во Кривопаланечко
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Лоша сезона за берачите на печурки во Кривопаланечко
Агровести

Лоша сезона за берачите на печурки во Кривопаланечко

Објавено 29/09/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во Кривопаланечкиот регион многу домаќинства особено оние во руралните подрачја годинава не се офајдија од значителните парични приходи кои ги остваруваа со берење на печурки кој се појавува од втората половина на месец мај кога започнува и сезоната на берба на пролетниот вргањ.

Причина е како што рекоа искусните берачи за Агротим.мк, екстремно слабиот род или воопшто никаков, кој го објаснуваат со наглите временски промени, прво силен бран дождови кои го зафатија регионот а потоа силна суша која како да го „пресече“ родот. На почетокот на сезоната во мај се береа смрчата и ѓурѓеванката, цената на смрчата беше 400 ден/кг и 100 ден/кг за онаа лажнатаз за килограм ѓурѓеванка откупувачите плаќаа 400 денари. Но сепак и овие први видови на печурки и оваа година ги имаше многу малку, поради температурните разлики во утринските чaсови и немање плодна почва за нивен раст, па најчесто завршуваа во тавите на на берачите.

Купувачите се незадоволни – затоа што родот на печурките оваа година е драстично намален.

– Претходните години на овој простор се откупуваа по неколку тони, а годинешниот откуп е катастрофален, вака слаб род не памтиме одамна, велат од фирмата за откуп на шумски плодови Мони 98 од Крива Паланка.

Од таму посочуваат дека на почетокот на сезоната во месец мај и јуни успеале да откупат околу 2,5 тони лисичарка со одличен квалитет чија цена почнала со 200 денари за килограм, па подоцна паднала на 80-100 ден/кг, што е и реално за тој период од годината.

– Некаде во јуни откупивме околу 1000 кг вргањ по цена од 200 ден/кг и откупот застана овде, што буквално сите не изненади, затоа што споредбено со минатата година тој период веќе имавме откупено 3-4 тони.

Добрите познавачи на состојбите со откупот велат дека претходните години искусните берачи можеле да заработат од илјада до две илјади евра во една сезона. Годинава вргањ нема за разлика од  порано, кога берачите беа буквално товарени со гајби и ранци полни со овие шумски плодови. Годинава едвај некои од нив успеаја да конзервираат лисичарка за сопствени потреби а за вргањ и да не стане збор.

Кривопаланечките шуми и ливади изобилуваат со секакви примероци на печурки, а големите дождови, влажниот воздух и високите температури овозможуваат идеални услови за раст на печурките. Берачите на печурки си имаат своја шема, своја дестинација и угоре високо по планина се искачуваат на надморска висолчина и до 1.200 метри. Бербата на печурки е предизвик за кривопаланчани, мало гратче на Североистокот каде што нема многу индустрија, животната средина е чиста, сѐ е обвиткано во зеленило и шума. Разочараните берачи се потсетуваат на сезоната од пред три години кога времето многу и се погоди на печурката, тогаш тие се жалеа на ниската откупна цена, која во месец јуни за прва класа изнесуваше од 200 до 250 денари, за во месец август да падне на 50 до 100 денари за килограм, за печурка од сортата дубичарка, која ја имаше во огромни количини.

Во добри времиња, како што ни објаснија во некои од откупните пунктови , дневниот откуп на почетокот на сезоната се движел по 3-4 тони додека кога бербата е во полн ек откупот може да достигне и до 12 тони на ден. Откупената печурка во свежа состојба когаја има најчесто се извезува во западноевропските земји Франција, Италија и Германија, а помал дел се остава за домашниот пазар , каде во свежа и сува состојба се користи во трговските синџири и угостителските објекти.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:берачитеКривопаланечкоЛоша сезонапечурки
Претходен напис Пијанечки денови на сливата денес во Делчево
Следен напис Лидија Попандонова избрана за претседавач со Европската комисија за земјоделство на ФАО
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?